СЕЛЕКТИВНАТА АБОЛИЦИЈА НА ИВАНОВ НЕ ПОМИНУВА ЗА ЕУ И НАТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕЛЕКТИВНАТА АБОЛИЦИЈА НА ИВАНОВ НЕ ПОМИНУВА ЗА ЕУ И НАТО

    Селективната аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, потврдена со одлуката за  поништување на помилувањата за 22 политичари, не помина кај странските гарантори на Пржинскиот договор. Ниту САД, ниту ЕУ не се задоволни од најновата одлука на македонскиот претседател.

    Доцна синоќа амбасадата на САД во Скопје преку соопштение посочи дека селективната аболиција ја спречува Македонија за напредок кон НАТО и ЕУ.
    „Како што истакнавме минатата недела, делумно или селективно повлекување на помилувањата ќе допринесе за зголеменото чувство на неказнивост во оваа земја и ќе ја спречи Македонија да напредува кон најважните цели, меѓу кои и напредокот кон НАТО и ЕУ. Македонија мора опсежно да се занимава со ова прашање“, стои во синоќешното соопштение на американската амбасада.

    Делумно или селективно повлекување на помилувањата ќе допринесе за зголеменото чувство на неказнивост во оваа земја - амбасадорот на САД Џес Бејли

    Делумно или селективно повлекување на помилувањата ќе допринесе за зголеменото чувство на неказнивост во оваа земја – амбасадорот на САД Џес Бејли

    Речиси координирано стигна реакција и од Брисел. Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич ја пренесе пораката за неодложно отповикување на сите помилувања од претседателот.

    „Брисел одблизу ја следи ситуацијата во земјата и повторуваме дека е потребно да се повлече аболицијата за сите лица  за да се зачува принципот на одговорност, да се обезбеди еднаков третман пред законот, за да се отстрани загриженоста за незаконитоста и за да се избегне селективната правда“, изјави Коцијанчиќ.

    majak

    Селективна аболиција значи селективна правда, Маја Коцијанчиќ, портпарол на Европската комисија

    Претседателот Ѓорге Иванов вчера ги повлече аболициите за 22 политички експонирани лица што ги помилува на 12 април. И за поништувањето на помилувањата, исто како и кога ја донесе одлуката за помилувања, Ивнов не соопшти имиња. Кои се политички експонираните лица ќе се знае откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник.

    На останатите помилувани им е оставена можност индивидуално да си поднесат барање до него да им биде повлечена аболицијата.
    „Никој не е недопирлив, секој ќе одговара за тоа што го направил“, рече Иванов.

    Претседателот објасни дека неговата одлука од 12 април многумина не ја разбрале, или не сакале да ја разберат и дека, според него, таа била единствениот начин за излез од длабоката политичка криза. „Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите. Најсовесно изјавувам дека не сум имал таква намера“, рече претседателот Иванов.

    Аболицијата се однесуваше на политичари и нивни соработници кои се осомничени или под истрага на Специјалното јавно обвинителство за криминал што може да произлезе од содржината на прислушуваните разговори.

    Еден од помилуваните, Коста Крпач веќе е починат. Минатиот месец тој беше најден прострелан во градите во својот стан во Скопје, а јавното обвинителство се уште нема објавено дали станува збор за убиство или самоубиство. Специјалното јавно обвинителство соопшти дека Крпач не бил ниту осомничен, ниту под истрага, туку бил сведок во еден од предметите на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари