КАЗНА ЗАТВОР ДО ЕДНА ГОДИНА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

    КАЗНА ЗАТВОР ДО ЕДНА ГОДИНА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ПРОТИВ  ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, стои во член 206 од Кривичниот законик. (Фото: К. Попов)

    Парична казна или казна затвор до една година, се предвидува според членот 206 од Кривичен законик за граѓаните кои нема да ги почитуваат препораките на Владата против ширење на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференцијата по седницата на Владата на која ги објави мерките, кажа дека сите физички и правни лица кои нема да се придржуваат кон нив, ќе бидат казнети според член 205 и 206 од Кривичниот законик.

    „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“, стои во член 206 за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

    По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука градинките, училиштата и факултетите да се затворат 14 дена. Брeмените жени и хронично болните, како и еден родител на деца до 10 години да се ослободат од работа. Пензионерите да не го користат јавниот превоз, а родителите да не ги носат децата во игротеки.

    Владата забранува настани на отворен и затворен простор над 1.000 лица на територијата на цела држава во следните 14 дена, а се препорачува да се откажат и да не се организираат настаните со број учесници помал од оваа бројка. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во период од следните 30 дена. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризичните подрачја во период од 14 дена.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира