ДИЈАБЕТЕСОТ Е ПЕТ РАЗЛИЧНИ БОЛЕСТИ, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ДИЈАБЕТЕСОТ Е ПЕТ РАЗЛИЧНИ БОЛЕСТИ, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕДијабетесот вообичаено се дели на Тип1 и Тип2, но научниците од Шведска и Финска по направената студија на над 14.000 луѓе откриле пет вида на болеста.

    Научниците велат дека дијабетесот е пет различни болести, а третманот треба да биде прилагоден за секоја одделна форма.

    Дијабетесот, или неконтролирани количини на шеќер во крвта, вообичаено се дели на Тип1 и Тип2.

    Но, научници од Шведска и Финска сметаат дека е многу посложена сликата што ја откриле кога почнале да се занимаваат со персонализирана медицина за дијабетесот. Експертите велат дека студијата покажува каков треба да биде третманот во иднина, но промените мора веднаш да се направат.

    Дијабетесот погодува еден од 11 луѓе насекаде во светот и го зголемува ризикот од срцеви удари, мозочни удари, слепило, откажување на бубрезите и ампутација на нозете.

    Дијабетесот Тип1 е болест на имуниот систем, кој погодува околу 10 отсто од луѓето, што ја имаат оваа состојба во велика Британија. Тој буквално ги напаѓа создавачите на инсулин во телото, или бета клетките, поради што нема доволно од хормонот кој го контролира нивото на шеќер во крвта.

    Дијабетесот Тип2 главно се смета за болест на лош животен стил, поради тоа што маснотиите во телото може да влијаат на тоа како инсулинот делува.

    Студијата на Лунд Универзитетскиот центар за дијабетес во Шведска и на Институтот за молекуларна медицина на Финска, опфаќа 14.775 пациенти, со вклучени детални анализи на нивната крв. Резултатите објавени во медицинското списание Лансет дијабетес и ендокринологија, покажуваат дека пациентите може да се поделат во пет различни групи:

    Група1 – тежок автоимун дијабетес, речиси е ист со класичниот дијабетес Тип1, ги погодува луѓето додека се млади, наизглед здрави, но болеста на имуниот систем ги прави неспособни да произведат инсулин.

    Група2 – тежок инсулин-дефицитарен дијабетес, пациентите иницијално изгледаат многу слично на оние со оние од Група1, тие се млади и здрави, но се мачат да произведат инсулин. Во случајов имуниот систем не е виновен што не можат да произведат инсулин.

    Група3 – тежок инсулино-резистентен дијабетес, кога пациентите главни имаат прекумерна тежина и создаваат инсулин, но нивното тело веќе не реагира на него.

    Група4 – благ дијабет поврзан со дебелината, главно е најден кај луѓе кои имаат голема прекумерна тежина, но метаболички се многу поблиску до нормалните луѓе, отколку оние во Група3.

    Група5 – благ дијабетес кој се јавува кај средовечни пациенти, кои симптомите ги развиле во поодмината возраст, за разлика од другите групи и нивната болест е поблага.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира