ИСПРАВЕНИ ПРЕД НОВИ ПРЕЧКИ – Е ТЕМАТА НА САМИТОТ НА УРЕДНИЦИТЕ ОД СВЕТОТ ВО ЛИСАБОН

    ИСПРАВЕНИ ПРЕД НОВИ ПРЕЧКИ – Е ТЕМАТА НА САМИТОТ НА УРЕДНИЦИТЕ ОД СВЕТОТ ВО ЛИСАБОНКуполите направени специјално за работилниците на Фејјсбук и Гугче за промоција на нивните проекти за новинари за борба против лажните вести (Фото: ГЕН)

    Самитот на Глобалната мрежа на уредници почна денеска во срцето на Лисабон со поздравен говор на претседателот на мрежата Кори Хаик поставувајќи го тонот на главната тема „Исправени пред нови пречки“.

    На Самитот доминираа темите за лажните вести и како тие да се препознаат за да може вистинското новинарство да се бори против нив.

    Претседателката на мрежата Кори Хаик (Фото: ГЕН)

    Во тој правец беше и отварањето на првиот работен ден на Самитот со темата наметната од Фејсбук – „Кој треба да се плаши од вештачката интелигенција?“

    “Технологијата се развива со огромни скокови и нема граници, но довербата е  сè уште предизвик кој е значаен елемент за целосно интегрирање на човекот со машината.

    Многу популарна тема на Самитот што предизвика голем интерес во главната сала на Плача до Комерчо беше излагањето на Пол Срџент од Би Би Си кој на темета „50 нијанси на ботови“ зборуваше за вештачката интелигенција. “Успехот на ботови доаѓа од навистина талентирани луѓе”, беше речено за време на расправата за ботовите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира