137 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.414 ТЕСТОВИ, ДОСЕГА ПОЧИНАЛЕ 564, А ОЗДРАВЕЛЕ 10.110 БОЛНИ

    137 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.414 ТЕСТОВИ, ДОСЕГА ПОЧИНАЛЕ 564, А ОЗДРАВЕЛЕ 10.110 БОЛНИНајмногу активни случаи на ковид дијагностицирани во моментов има во Скопје, Куманово, Гостивар и Штип. (Фото: К. Попов)

    Од 1.414 тестирања во изминативе 24 часа регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19, а починат е 63-годишен пациент од Дебар. Покрај Скопје со 53 случаи, двоцифрен број на позитивни лица има во Куманово 19 и во Гостивар 10, потоа следат Штип-8, Битола-7, Велес-6, Свети Николе-6, Делчево-5, Тетово-4, Струга-2, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Кичево-3, Неготино-2.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од: Скопје-22, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-11, Битола-2, Охрид-9, Гостивар-5, Демир Хисар-3, Виница-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 68 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 13.595, од кои оздравени се 10.110, починати 564, а во моментов активни 2.921.

    Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5.669, активни 861
    • Куманово 1.374, активни 336
    • Дебар 237, активни 73
    • Штип 1.108, активни 258
    • Прилеп 391, активни 56
    • Тетово 1.184, активни 169
    • Струга 546, активни 141
    • Велес 259, активни 35
    • Битола 195, активни 54
    • Охрид 323, активни 57
    • Кавадарци 168, активни 99
    • Гостивар 732, активни 315
    • Гевгелија 41, активни 23 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 57, активни 22
    • Крива Паланка 37, активни 12
    • Радовиш 39, активни 10
    • Крушево 16, активни 0
    • Кочани 132, активни 30
    • Пробиштип 75, активни 20
    • Демир Хисар 60, активни 27
    • Македонски Брод 68, активни 38
    • Пехчево 9, активни 3
    • Берово 36, активни 27
    • Валандово 7, активни 0
    • Виница 63, активни 41
    • Делчево 32, активни 27 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 16, активни 2
    • Свети Николе 275, активни 66
    • Кичево 260, активни 106
    • Ресен 146, активни 1
    • Неготино 40, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1414 теста се преку: ИЈЗ-686, ЦЈЗ Скопје-3, Авицена-289, Биотек-115, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –76 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-5, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска по завршување на епидемиолошките анкети:

    • Чаир – 114
    • Гази Баба – 107
    • Аеродром – 103
    • Карпош – 92
    • Центар – 84
    • Кисела Вода – 89
    • Ѓорче Петров – 68
    • Бутел – 60
    • Шуто Оризари – 40
    • Студеничани – 20
    • Сарај – 21
    • Арачиново – 17
    • Илинден – 13
    • Сопиште – 8
    • Чучер Сандево – 7
    • Петровец – 8
    • Зелениково – 4
    • Странец – 4
    • Нераспределен – 2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира