22 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД-19 ОД 462 ТЕСТИРАЊА, ОД СКРИНИНГОТ ВО ГРАДИНКИТЕ НЕМА НИТУ ЕДЕН ПОЗИТИВЕН

    22 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД-19 ОД 462 ТЕСТИРАЊА, ОД СКРИНИНГОТ ВО ГРАДИНКИТЕ НЕМА НИТУ ЕДЕН ПОЗИТИВЕНВо Градската општа болница „8 Септември“ почина 79-годишна пациентка од Скопје која била хоспитализирана како сомнителна на КОВИД-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.- (Фото: СДК.МК)

    Нови 22 случаи со КОВИД-19 се регистрирани изминатото деноноќие од направени 462 тестови, соопштија од Министерството за здравство. Од нив 9 пациенти се од Скопје, 6 од Тетово, 4 од Прилеп и по еден позитивен на коронавирус има во Куманово, Велес и Охрид.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ почина 79-годишна пациентка од Скопје која била хоспитализирана како сомнителна на КОВИД-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти и тоа 8 од Скопје, по двајца од Прилеп, Струга и Велес, и по еден пациент од Гостивар и Кратово.

    „Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21.010 тестирања“, велат од Министерството за здравство.

    Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.762, бројката на оздравени пациенти е 1.267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира