9 ПОЧИНАТИ, 445 НОВОРЕГИСТРИРАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ

    9 ПОЧИНАТИ, 445 НОВОРЕГИСТРИРАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕВкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Нови 445 случаи на ковид-19 се регистрирани во последниве 24 часа од 2.441 тестирања, а починати се 9 лица. Нови случаи на ковид-19 се во: Скопје-249, Куманово-12, Штип-13, Прилеп-25, Тетово-16, Струга-7, Велес-7, Битола-14, Охрид-12, Кавадарци-3, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-36, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

    Починати во болнички услови се двајца пациенти од Скопје (72 и 62), еден од Куманово (66), двајца од Струга (58 и 65), еден од Струмица (80), еден од Крива Паланка (83), од Пробиштип (60) и пациент од Свети Николе (65).

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје-77, Куманово-15, Штип-11, Прилеп-7, Тетово-11, Струга-1, Велес-1, Битола-5, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-18, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-1.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 8872, активни 1969

    • Куманово 1898, активни 168

    • Дебар 294, активни 36

    • Штип 1381, активни 125

    • Прилеп 839, активни 181

    • Тетово 1622, активни 226

    • Струга 727, активни 65

    • Велес 392, активни 69

    • Битола 403, активни 111

    • Охрид 476, активни 60

    • Кавадарци 284, активни 63

    • Гостивар 1003, активни 84

    • Гевгелија 205, активни 93 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 473, активни 281

    • Крива Паланка 161, активни 54

    • Радовиш 148, активни 62

    • Крушево 20, активни 0

    • Кочани 512, активни 201

    • Пробиштип 130, активни 18

    • Демир Хисар 62, активни 1

    • Македонски Брод 95, активни 2

    • Пехчево 48, активни 4

    • Берово 155, активни 51

    • Валандово 64, активни 36

    • Виница 141, активни 46

    • Делчево 195, активни 103 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 27, активни 3

    • Свети Николе 407, активни 59

    • Кичево 363, активни 37

    • Ресен 171, активни 10

    • Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2441 теста се преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-495, Биотек-278, МАНУ -292, Жан Митрев (Филип Втори) -375, Систина со PCR метода -218, лабораторија Лаор –99, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-7, ГАК-25, Синлаб-71, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 84

    • Гази Баба – 180

    • Аеродром – 400

    • Карпош – 344

    • Центар – 353

    • Кисела Вода – 232

    • Ѓорче Петров – 169

    • Бутел – 74

    • Шуто Оризари – 13

    • Студеничани – 3

    • Сарај – 17

    • Арачиново – 4

    • Илинден – 28

    • Сопиште – 17

    • Чучер Сандево – 6

    • Петровец –8

    • Зелениково – 5

    • Странец – 11

    • Нераспределен-21

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира