ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ АКО СЕ РАЗБОЛАТ ОД КОВИД-19 ПРИ ПРЕСТОЈ ВО СРБИЈА И АЛБАНИЈА, ПРЕДВИДУВА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ЗАЕВ, РАМА И ВУЧИЌ

    ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ АКО СЕ РАЗБОЛАТ ОД КОВИД-19 ПРИ ПРЕСТОЈ ВО СРБИЈА И АЛБАНИЈА, ПРЕДВИДУВА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ЗАЕВ, РАМА И ВУЧИЌТрите земји заедно ќе работат за обезбедување на вакцината за ковид-19 и ќе си помогаат доколку во некоја земја дојде до преоптеретување на здравствениот систем.- Заев, Вучиќ и Рама на состанокот на мини Шенген лани во Охрид (Фото: Ѓ.Личовски)

    Премиерите на Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во борбата против пандемијата на ковид-19. Целта на потпишување на меморандумот како што кажаа Заев, Рама и Вучиќ е уште посилна соработка меѓу трите земји во справување со пандемијата, со цел да се олесни животот на граѓаните.

    Трите земји заедно ќе работат за обезбедување на вакцината за ковид-19 и ќе си помагаат доколку во некоја земја дојде до преоптоварување на здравствениот систем. Со меморандумот се предвидува и патување меѓу Македонија, Албанија и Србија без ПЦР тестови, како и бесплатно лекување доколку граѓани додека престојува во една од земјите, се разболат.

    „Доколку некој граѓанин се затече во Србија или Албанија и треба таму да се лекува, државата каде се наоѓа ќе ги преземе трошоците за негово лекување таму. Истото важи и за државјаните на Србија и Албанија ако се затекнат тука. Со тоа нема да треба граѓаните на трите земји да плаќаат за лекување од свој џеб“, рече премиерот Зоран Заев по потпишување на меморандумот.

    Србија и Албанија денеска потпишаа договор меѓу двете земји да се патува само со лична карта. Македонија веќе има договор во Србија и Албанија со кој македонските државјани во овие земји можат да патуваат само со лична карта.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира