ИСКРШЕНИ ДВЕ КОЛИ И ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРОСЛАВАТА ПО ПОБЕДАТА НА ВАРДАР

    ИСКРШЕНИ ДВЕ КОЛИ И ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРОСЛАВАТА ПО ПОБЕДАТА НА ВАРДАРЕдното возило со скопски регистарски таблици било оштетено на булевар Гоце Делчев, при што е повредено едно лице. Второто е служебно возило на МВР кое било искршено пред Собранието.- Од вчерашната прослава на Плоштад Македонија.(Фото: К. Попов)

    Две возила се искршени синоќа, за време на прославата во центарот на Скопје, по победата на ракометарите на Вардар во финалето на Лигата на шампиони.

    Од Министерството за внатрешни работи информираат дека едното возило со скопски регистарски таблици било оштетено на булевар Гоце Делчев, при што е повредено едно лице. Второто е службено возило на МВР кое било искршено пред Собранието.

    „За време на прославата, пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило Ауди А3 со скопски регистарски ознаки на булеварот Гоце Делчев. Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил Ф.М. (18). Во врска со настанот од страна на единицата АЛФА биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје. На улицата 11-ти Октомври пред Собранието било оштетено патничко моторно возило Шевролет спарк сопственост на МВР“, велат од Министерството.

    Како што информираат од МВР за време на прославата на Плоштад била повредена Т.П.(17) од Скопје од пиротехнички средства и се здобила со изгореници во пределот на нозете. Исто така, приведен е и Ж.М.(36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира