ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ АКО НЕДЕЛАВА ПАДНЕ ДОГОВОР И ЗА ПОЛИЦИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ АКО НЕДЕЛАВА ПАДНЕ ДОГОВОР И ЗА ПОЛИЦИЈАТА

    Предвремените парламентарни избори во Македонија би можеле да се одржат на 11 декември годинава, ако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во текот на неделава се договорат за последното спорно прашање – ингеренциите на министерот за внатрешни работи во преодната влада, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во преговарачките тимови.

    Најновата пречка што се појавила во петокот била идејата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, министерот за внатрешни работи што ќе биде надлежен за спроведување на изборите да отстапи од функцијата веднаш по спроведувањето на изборите. СДСМ не се согласила и по шестчасовните разговори во петокот преговорите беа прекинати и неизвесно е дали ќе продолжат и утре.

    Владејачките партии предлагаат, ако изборите се одржат на 11 декември, веќе на 12 декември министрите што ќе бидат избрани за спроведување на изборите веднаш да си дадат оставки, за да се спречат манипулации во периодот до собирањето на новото Собрание и изборот на нова влада. Образложението на владејачките партии е дека таа влада има задача само да спроведе избори, а не и да владее, а СДСМ се плаши тоа да не биде искористено за манипулирање при броењето на гласовите.

    Сите ингеренции до свикување на новиот собраниски состав и изборот на нова влада би преминале повторно кај дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, кој е предложен од владејачката партија.

    Се проценува дека ако се постигне договор оваа недела, има доволно време Државната изборна комисија да ја спроведе и активната регистрација на спорните 40.000 гласачи околу кои партиите веќе се договориле. Партиите се договориле и за посебното тело за за мониторирање на медиумите во предизборниот период, па дури и да изберат уредник на информативната програма на јавниот сервис МРТВ, кој треба да го предложи СДСМ.

    Пржинската влада за спроведување на изборите Собранието треба да ја избере на 31 август.

    Главна пречка е контролата на полицијата. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од позицијата министерот за внатрешни работи кој во преодната влада треба да е од СДСМ да има ептен големи ограничувања, а СДСМ бара министерот да биде министер со сите овластувања што му припаѓаат. Дури, за време на преговорите се лицитирало и со бројки колку луѓе од раководни позиции ќе смее да смени преодниот министер, па се споменале 10 позиции, иако во разговорите не се кажало децидно кои сектори од службата за внатрешни работи нема да смее да се чепкаат. Наводно, тоа ќе биде дополнителна тема за преговарање.

    Во текот на викендот немало активности меѓу преговарачите.

    За разлика од полицијата за која ВМРО-ДПМНЕ се бори со сите можни преговарачки методи, од владејачката партија, барем до петокот не правеле никаков проблем околу надлежностите на министерот за труд и социјална политика, кој исто така треба да биде од редовите на СДСМ. До сега не било отворено прашањето дали и тој ќе може да ги менува началниците на секторите и да се однесува како вистински министер.

    Со вакви позиции преговорите се повторно блокирани и барем засега нема најава кога би можеле да продолжат, иако изворите со кои контактиравме се надеваат дека партиските преговарачи ќе се сретнат веќе утре оти така било договорено. За лидерска средба уште нема услови.

    Минатиот вторник, помошничката државен секретар на САД Викторија Нуланд рече дека почувствувала дека кај политичките лидери има политичка волја да се договорат и замина охрабрена дека договор ќе има многу брзо. Се шпекулираше дека работата требаше да биде завршена до петокот, кога ЕУ амбасадорот Аиво Орав наводно требало да замине на одмор.

    Во петокот вечер американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека за време на викендот ќе им остават простор на партиите да размислат во однос на предложените опции, иако напомена дека е оптимист и дека имало извесен напредок.

    И Европската комисија, во петокот, преку портпаролот Маја Коцијанчиќ го поздрави напредокот на преговорите, но ги повика партиите итно да најдат одговор и за последното отворено прашање.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира