ЈАНЕВА ЈА ПРОЗВА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА И ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИЗБОРНИТЕ ИЗМАМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНЕВА ЈА ПРОЗВА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА И ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИЗБОРНИТЕ ИЗМАМИ

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева уште еднаш ги прозва Врховниот суд и Судскиот совет затоа што се одолговлекуваат процесите кои можат да помогнат да се дојде до вистината за прислушуваните разговори.

    „Јас не сум супермен. Јас сум човек“, одговори Јанева на забелешките за текот на истрагите што ги води СЈО.

    Таа го поздрави будењето од длабок сон, како што рече, на Врховниот суд и на Судскиот совет и јавно ги праша Врховниот суд уште колку време ќе му треба да одлучи по иницијативата на СЈО во однос на барањето на заштита на законитоста во случајот со Едмонд Темелко, а Судскиот совет – во кој период ќе ја испита работата на Основниот суд Скопје 1 во однос на судењето во разумен рок.

    Едмонд Темелко, каkо градоначалник на Пустец беше осомничен од СЈО за учество во изборни манипулации во случајот „Титаник“.

    Таа му се обрати и на Советот на јавни обвинители со прашање врз база на кој закон Јавното обвинителство на РМ не ги доставува предметите на СЈО кои таа ги бара.

    Минатата недела Катица Јанева изнесе хронологија со факти како била блокирана за случајот „Пуч“ од Основниот суд Скопје 1. Таа обвини дека Судот го блокира почетокот на судењето за „Пуч“, кој треба да разјасни кој го вршел масовното прислушување и за какви цели.

    „Ве молам прашајте ја претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова и Судскиот совет, кој е виновен што не почнува судењето за „Пуч“, кое треба да одгатне кој прислушувал масовно во Република Македонија“, им се обрати Јанева на пратениците во петокот.

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за САКАМДАКАЖАМ.МК во петокот изјави дека официјално во Советот нема стигнато претставка од Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за некого од Кривичниот суд поради кочење на постапката.

    „Судскиот совет ги следи и преписките на Основниот суд Скопје 1 и СЈО, кое тврди дека Основниот суд Скопје 1 го блокира судскиот процес за „Пуч“,  но нема да се меша, бидејќи нема ингеренции. Таму одлучува Апелациониот суд Скопје. Нашата надлежност е да покренеме постапка, во случај СЈО да поднесе претставка до Советот за утврдување факти против одредени судии во постапката за овој случај. Затоа, мислам дека Судскиот совет непотребно се спомнува на комисиската работа во Собранието, на која се разгледува шестмесечниот извештај на работата на СЈО“, вели Караџовски.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира