Специјалната обвинителка Катица Јанева доби мерка притвор во траење од 30 дена, како трета осомничена во случајот „Рекет“, покрај Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Јанева како обвинител нема имунитет, иако јавнообвинителската функција е со доживотен мандат.
Таа веднаш оди во истражниот затвор во Шутка, каде ќе ја помине првата ноќ лишена од слобода, но изутрина заминува за родниот град Гевгелија. Обвинителката за организиран криминал и корупција пред судијата на претходна постапка се согласила на Јанева да и биде овозможено присуство на погребот на нејзината мајка, на градските гробишта во Гевгелија, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Основниот суд Скопје 1.
Мајката на Јанева починала по повеќемесечно боледување, токму кога полицијата ја апсеше специјалната обвинителка утринава во нејзиниот дом во населбата во Козле во Скопје.
„Ова за мене беше најтешкото соочување во мојата јавнообвинителска кариера. Не станува збор само за мебел од 5.000 евра, има уште докази во постапката. Има судир на интереси што адвокатот Стеван Павлески е адвокат на обвинети од Јанева. Адвокатот зеде обврска тој и неговата канцеларија да ги откажат тие полномоштва. Во меѓувреме, се собраа многу докази дека Јанева го сторила кривичното дело. Јас не барам притвор бадијала“, рече по изрекувањето на мерката притвор обвинителката Вилма Рускоска.
- ЈАНЕВА ДОБИЛА МЕБЕЛ ОД 5.000 ЕВРА ЗА ДА ЈА ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА ПРОТИВ КАМЧЕВ, РУСКОСКА БАРА ПРИТВОР ЗА НЕА
- НА КАТИЦА ЈАНЕВА Ѝ СЕ СЛОШИ ПРЕД СУДИЈА НА ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА, ПРЕД РАСПИТОТ СТИГНА БРЗА ПОМОШ
- ЈАНЕВА Е ЖРТВА ЗАТОА ШТО, ЗА РАЗЛИКА ОД ОВА ОБВИНИТЕЛСТВО ГЛЕДАШЕ ЛИБЕРАЛНО НА ПРИТВОРОТ, ВЕЛИ АДВОКАТОТ ПАВЛЕСКИ
- УТРИНАВА ПОЧИНАЛА МАЈКАТА НА КАТИЦА ЈАНЕВА
- ПО ЛИЧНИОТ КОМПЈУТЕР ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА ВО СЈО, ИСТРАЖИТЕЛИТЕ ГО ЗАПЛЕНУВААТ МЕБЕЛОТ НА ЈАНЕВА
- КАТИЦА ЈАНЕВА УАПСЕНА ДОМА
С. К. ДЕЛЕВСКА