МЕРКЕЛ В НЕДЕЛА ЌЕ ГО УБЕДУВА МАКРОН ДА НЕ ЈА БЛОКИРА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

    МЕРКЕЛ В НЕДЕЛА ЌЕ ГО УБЕДУВА МАКРОН ДА НЕ ЈА БЛОКИРА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУЗаев со Макрон и Меркел на состанокот во Берлин во април (Фото: Фејсбук/Зоран Заев)

    Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретнат в недела, средба која дипломатите ја сметаат за последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ, објави германската државна агенција ДПА.

    Франција сака да го блокира стартот на преговорите оти смета дека реформите во обете земји не се соодветни, изјавија вчера дипломати во Брисел. Исто така, Франција ја условува својата согласност за давање датум за двете земји со фундаментална реформа на процесот за проширување на ЕУ.

    Многу земји во ЕУ се вознемирени и не им е јасно ветото на Франција.

    „Оној што сега ќе го блокира пристапнииот процес ќе биде одговорен за можната дестабилизација на регионот“, рече еден дипломат.

    Големо мнозинство во ЕУ е за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

    „Сметаме на тоа дека Париз ќе го смени ставот“, рече еден дипломат за најавената средба Меркел-Макрон в недела.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари