НОВИНАРИТЕ НА „ВЕСТ“, „УТРИНСКИ“ И „ДНЕВНИК“ ОД УТРЕ ЌЕ ШТРАЈКУВААТ ПО 6 ЧАСА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВИНАРИТЕ НА „ВЕСТ“, „УТРИНСКИ“ И „ДНЕВНИК“ ОД УТРЕ ЌЕ ШТРАЈКУВААТ ПО 6 ЧАСА

    Штрајкувачките одбори на редакциите „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ решија да го зголемат времетраењето на штрајкот од четири на шест часа поради игнорантскиот однос на менаџментот на Медиа принт Македонија (МПМ), кој иако уредно информиран, со недели не покажа интерес за средба со синдикалните претставници, соопшти независниот Синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Штрајкот почна на 17 февруари и е прв синдикално организиран штрајк на новинари и медиумски работници од осамостојувањето до денес.

    „Утре, 21 февруари 2017 година, ќе излезе 5.000. број на дневниот весник „Вест“. Жално е што редакцијата ќе го подготвува ова јубилејно издание од позиција на штрајк. Во претходните денови наместо разговор за решавање на проблемите, се засилија притисоците врз медиумските работници со телефонски јавувања и со закани со отпуштања и со казнувања“, стои во соопштението на ССНМ.

    ССНМ вели дека за притисоците врз новинарите што штрајкуваат ќе бидат информирани сите релевантни меѓународни институции, потсетувајќи дека правото на штрајк е уставно гарантирано право и е дел од цивилизациските придобивки на демократскиот свет.

    „Решителноста на новинарите и на медиумските работници во изданијата на МПМ не се намалува. Преку одбрана на нивните колективни права, тие застануваат во одбрана и на демократскиот интегритет на професијата“, стои во соопштението.

    На 17 февруари, истиот ден кога почна штрајкот, во МПМ влегоа истражители на СЈО во, како што рекоа, предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.

    Сопственик на МПМ до 16 февруари беше Графички центар Скопје (ГЦС), кој беше во сопственост на Орка Холдинг на најбогатиот Македонец Јордан (Орце) Камчев, фирмата Мирекс на Срѓан Керим, кој лани беше македонски кандидат за Генерален секретар на Обединети нации и Интернет инвестмент груп, која до пред неколку месеци беше во сопственост на српскиот биснисмен Веселин Јевросимовиќ, а сега нејзината сопственост е нејасна. На 16 февруари, Интернет инвестмент груп и Орка Холдинг соопштија дека ги продале своите удели во ГЦС за номинална вредност, но не кажаа кој е новиот сопственик. Управител на МПМ е Јана Станисављева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира