РАНО НИ Е ДА ГИ ОТВОРИМЕ ГРАНИЦИТЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    РАНО НИ Е ДА ГИ ОТВОРИМЕ ГРАНИЦИТЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕФилипче смета дека за отворањето на границите треба внимателно да се пристапи бидејќи може сѐ што досега е направено во борбата против ширење на коронавирусот да падне во вода;- Деца се капат во езерото Треска и покрај забраната поради бактериолошка неисправност. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерот за здравство Венко Филипче смета дека сѐ уште е рано Македонија да ги отвори границите, иако дел од соседите, односно Србија веќе го стори тоа. За ова прашање, како што кажа Филипче, мора внимателно да се пристапи бидејќи може сѐ што досега е направено во борбата против ширење на коронавирусот да падне во вода.

    „Сметам дека за нашите услови е рано да се отворат границите. Во моментот кога ќе се отворат границите огромен дел од мерките и бенефитите од националните стратегии пректично може да паднат во вода и затоа сметам дека треба многу внимателно да се пристапи кон ова прашање, нема потреба од брзање“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

    За нашите власти отворањето на границите треба да биде координирано со сеседите и токму за тоа било разговарано при посетата на Филипче на Атина минатата недела. На оваа средба било разговарано за начинот на кој ќе се минува границата, во однос на потребните тестови и за можната бесплатна здравствена заштита ако при престојат граѓаните заболат од коронавирусот.

    „Го испративме официјалното писмо до грчкото Министерство за здравство, во кое ги официјализиравме сите поенти кои ги разговаравме на состанокот и го чекаме нивниот одговор. Дотогаш, ние имаме систем во кој одговараме на сите барања за патувања на поединци кои треба да патуваат во странство или странци кои доаѓаат или наши државјани кои се враќаат дома“, кажа Филипче.

    Граничните премини во земјава поради пандемијата на КОВИД-19 се затворени од 16 март.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира