СЕ НАМАЛУВААТ АКЦИЗИТЕ, ДИЗЕЛОТ ЌЕ ПОЕВТИНИ ЗА 10, А БЕНЗИНОТ ЗА 11,5 ДЕНАРИ, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ЗА МЕРКИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ВРЕДНИ 400 МИЛИОНИ ЕВРА

    СЕ НАМАЛУВААТ АКЦИЗИТЕ, ДИЗЕЛОТ ЌЕ ПОЕВТИНИ ЗА 10, А БЕНЗИНОТ ЗА 11,5 ДЕНАРИ, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ЗА МЕРКИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ВРЕДНИ 400 МИЛИОНИ ЕВРАСо пакетот меркит ќе се помогне на граѓаните и стопанството да се преброди економската криза предизвикана од енергетската криза и војната во Украина.(Фото: Влада на РСМ)

    Владата донесе пакет од 26 мерки за справување со економската криза вредни 400 милиони евра. Со пакетот мерките, како што кажа премиерот Димитар Ковачевски, ќе се помогне на граѓаните и стопанството да се преброди економската криза предизвикана од енергетската криза и војната во Украина.

    Со мерките се укинува ДДВ за основните прехранбени продукти односно за леб, млеко, шеќер, зејтин, брашно тип 400, месо, ориз и јајца. Досега ДДВ за овие производи беше 5 отсто. Се замрзнуваат маржите на основните прехранбени продукти, а ќе се даваат ваучери за најранливи категории на граѓани, односно по 1.000 денари три месеци за купување основни производи. Помош три месеци од 1.000 денари ќе добијат и пензионерите.

    „Воведуваме мерка за укинување на царинските давачки за увоз на прехранбени производи. Ја пролонгираме примената на повластена даночна стапка од 5 отсто за промет со електрична енергија кон домаќинства. Продолжуваме со мерката за енергетска сиромаштија односно давање субвенции за одредени категории граѓани. Го продолжуваме субвенционирањето на цената на електрична енергија на регулираниот пазар за домаќинствата и мали потрошувачи. Исто така ја субвенционираме и цената на топлинската енергија со што жителите на Скопје нема да имаа повисоки сметки“, рече премиерот Ковачевски.

    Донесена е и мерка за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти при промет со реагенси односно дизел, бензин, течен нафтен гас и метан. Со тоа ќе се намали цената на реагенсите. Се намалува и акцизата на горивата.

    „Мерката ќе има дирекно влијание врз продажната цена на горивата. Со намалување на акцизата и ДДВ цената на дизелот би се намалила за 10 денари и ќе изнесува 75 денари за литар, додека бензинот би поевтинел за 11,5 денари и би се продавал за 80 денари“, рече Ковачевски.

    Одлуките за намалување на ДДВ за гориата и основните прехранбени производи и акцизите треба да поминат во Собранието. Ковачевски ги повика сите политички партии во Собранието да ги поддржат мерките, да не се блокира нивното носење за да може што побрзо да важат и да им се помогне на граѓаните.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира