СЕ ЗАТВОРА АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ И СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ

    СЕ ЗАТВОРА АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ И СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ„Аеродромот во Скопје се затвора за 48 часа од сега, освен за државни и медицински цели, како и за карго пратки. Граничните премини се затвораат од вечерва за влез на странски државјани, освен за товарни возила, дипломатски возила и други со специјална дозвола од Министерството за внатрешни работи“, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    Од среда попладне се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, одлучено е на вечерашната владина седница. Министерот за здравство кажа дека покрај аеродромот се затвораат и сите гранични премини.

    „Аеродромот во Скопје се затвора за 48 часа од сега, освен за државни и медицински цели, како и за карго пратки. Граничните премини се затвораат од вечерва за влез на странски државјани, освен за товарни возила, дипломатски возила и други со специјална дозвола од Министерството за внатрешни работи“, кажа Филипче.

    Во земјава до сега има регистрирано 23 лица заразени од коронавирус.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира