СЕСТРО КАТИЦЕ, РЕЧЕ ЉУБЕ БОШКОСКИ И СЕ ПОЗДРАВИ СО ОБВИНИТЕЛКАТА НА РОДЕНДЕНОТ НА КРАЛИЦАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕСТРО КАТИЦЕ, РЕЧЕ ЉУБЕ БОШКОСКИ И СЕ ПОЗДРАВИ СО ОБВИНИТЕЛКАТА НА РОДЕНДЕНОТ НА КРАЛИЦАТА

    Љубе Бошкоски се појави на роденденот на кралицата кој вечевра го огранизира Британската амбасада во Скопје. Тој, кога ја забележа обвинителката Катица Јанева, извика „Сесто Катице“ и тргна кон неа да се поздрави. Се ракуваше и со обвинителката Фатиме Фетаи, која му рече „Добро е што излезе“, го поздрави и си замина.

     

    Бошкоски и обвинителката Фатиме Фетаи (Аматерска готографија)

    Бошкоски и обвинителката Фатиме Фетаи (Аматерска фотографија)

    Бошкоски се виде и зборуваше и со амбасадорите на Британија и на САД во Македонија, Чарлс Гарет и Џес Бејли и не ја симна препознатливата широка насмевка од лицето.

    Ова е прво појавување во јавноста на претседателот на Обединети за Македонија, Бошкоски. Тој кога излезе од затвор на трети јуни годинава замоли да не биде вознемируван од медиумите и најви дека ќе се воздржи од изјави за јавноста.

    Ја прослави слободата во неговото родно село Челопек. На ручекот во дворот на црквата беа дојдени 60 претседатели на општинските комитети на неговата партија од цела Македонија и бројни роднини и пријатели на Љубе.

    Слободата ја прослави во родното Челопек Фото: СДК.МК

    Слободата ја прослави во родното Челопек Фото: СДК.МК

    Бошкоски издржуваше затворска казна пет години. Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, со обвинение за незаконско финансирање на предизборната кампања. Беше осуден на пет години затвор.

    За начинот на неговото апсење Специјалното јавно обвинителство води предмет под името „Тортура“. СЈО покрена истрага против седум лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување при апсењето на Љубе Бошкоски.

    На Бошкоски за овие пет години му беше дозволено да отсуствува само еден ден, на погребот на неговата мајка.

    Неговиот случај беше нотиран од американскиот Стејт департмент во извештајот за човекови права, каде тој беше посочен како политички затвореник.

    Против Бошкоски се води уште еден процес, „Ровер“, кој двапати беше враќан на повторно судење.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира