СТИГНА ПРВАТА ПРАТКА СО 250 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА „СИНОВАК“, БЕЗБЕДНИ СЕ ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ И ДОИЛКИ

    СТИГНА ПРВАТА ПРАТКА СО 250 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА „СИНОВАК“, БЕЗБЕДНИ СЕ ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ И ДОИЛКИПопладневно ќе стигне и вториот авион со што ќе ги добиеме сите 500.000 дози од овој кинески производител. (Фото: МЗ)

    Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје стаса првата пратка со 250 илјади вакцини против ковид-19 на кинеската „Синовак“. Како што објави министерот Венко Филипче, попладневно ќе стигне и вториот авион, со што ќе ги добиеме сите 500.000 дози од овој кинески производител.

    „Оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење. Високо ефикасна е за превенција на тешка болест. Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици, како и кај доилки“, напиша на својот фејсбук профил Филипче.

    Во петокот, во земјава стасаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“, набавени преку Ковакс механизмот.

    Со овие пратки од понеделник ќе продолжи масовната вакцинација на населението која беше прекината оти немаше вакцини.

    „Се очекува вакцинација на 15.000-20.000 граѓани на ден. За брзо време ќе се вакцинираат сите 180.000 пријавени граѓани. Мислам дека до крајот на летото голема бројка граѓани ќе бидат вакцинирани. Сега се вакцинирани околу 300.000 граѓани, а со овие пратки ќе бидат уште толку, што значи ќе имаме 600.000 вакцинирани граѓани или 50 отсто од вкупната популација која треба да се вакцинира. До крајот на летото верувам дека ќе се постигне процент за кој можеме да кажеме дека имаме колективен имунитет“, рече во вторник министерот Филипче.

    Досега се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 462.211.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира