УШТЕ 1.031 ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ОД 4.373 ТЕСТОВИ, 20 ПОЧИНАТИ НА ВОЗРАСТ ОД 50 ДО 93 ГОДИНИ

    УШТЕ 1.031 ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ОД 4.373 ТЕСТОВИ, 20 ПОЧИНАТИ НА ВОЗРАСТ ОД 50 ДО 93 ГОДИНИВо моментов активни се 11.641 случај на ковид-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Нови 1.031 случај на ковид-19 е регистриран изминативе 24 часа од направени 4.373 тестирања, а починаа 20 лица. Починатите се на возраст од 50 до 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, од Велес и Битола по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

    Според градови новите случаи се во : Скопје – 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

    Регистрирани се 241 оздравен пациент од: Скопје – 152, Гевгелија – 20, Велес – 15, Куманово – 14, Гостивар – 13, Битола – 9, Штип – 6, Ресен – 4, Валандово – 3, Струмица – 2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1.

    Направените 4.373 тестови се преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-109, Авицена-403, Биотек-364, Жан Митрев (Филип Втори)-193, Систина-337, лабораторија Лаор–437, Судска медицина-46, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-158, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.399, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0.

    Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 49491, активни 5588
    Прилеп 6059, активни 854
    Куманово 5975, активни 432
    Тетово 5768, активни 367
    Гостивар 4051, активни 283
    Кавадарци 3829, активни 649
    Штип 3804, активни 173
    Велес 3738, активни 324
    Битола 3694, активни 292
    Охрид 3554, активни 496
    Струмица 2905, активни 213
    Струга 2513, активни 184
    Кочани 1950, активни 144
    Кичево 1824, активни 52
    Неготино 1582, активни 421
    Гевгелија 1479, активни 307
    Свети Николе 1143, активни 39
    Крива Паланка 961, активни 146
    Ресен 875, активни 81
    Дебар 804, активни 17
    Радовиш 779, активни 38
    Делчево 763, активни 48
    Берово 705, активни 62
    Пробиштип 585, активни 42
    Виница 538, активни 24
    Валандово 406, активни 36
    Крушево 372, активни 113
    Богданци 332, активни 72
    Демир Хисар 300, активни 42
    Кратово 300, активни 28
    Демир Капија 279, активни 48
    Македонски Брод 260, активни 9
    Пехчево 194, активни 9
    Македонска Каменица 194, активни 2
    Дојран 101, активни 6

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира