УШТЕ 14 ПОЧИНАТИ, 1.285 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ОД 3.404 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 14 ПОЧИНАТИ, 1.285 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ОД 3.404 ТЕСТОВИВ болница се лекуваат 918 болни (Фото: Ѓ. Личовски)

    Четиринаесет пациенти починаа, а регистрирани се 1.285 нови случаи на ковид-19 од 3.404 тестирања изминативе 24 часа. Ова е највисоката дневна бројка на заразено досега. Претходно највисокиот број заразени беше регстриран на 5 ноември, 1.275 од 3.331 тестирања.

    Според градови бројките на новите случаи се: Скопје-522, Куманово-43, Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27.

    Во денешната бројка на починати лица е 21-годишниот пациент од Кавадарци. Починат е и еден пациент од Скопје (52), еден од Битола (75), двајца од Кичево (66 и 71), еден од Крива Паланка (47), еден од Штип (62), еден од Свети Николе (76), еден од Радовиш (66), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82) и еден од Гостивар (78). Сите пациенти се починати во болнички услови.

    На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
    Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 38.782, оздравени се 23.011, починати се 1.110, а активни случаи 14.661.

    Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 16.924, активни 6.732• Куманово 2.615, активни 641• Дебар 376, активни 74• Штип 1.913, активни 424• Прилеп 1.765, активни 798• Тетово 2.670, активни 890• Струга 929, активни 186• Велес 1.120, активни 672• Битола 996, активни 495• Охрид 924, активни 397• Кавадарци 708, активни 367• Гостивар 1.437, активни 393• Гевгелија 478, активни 215 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 83 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1.182, активни 649• Крива Паланка 279, активни 125• Радовиш 296, активни 115• Крушево 46, активни 23• Кочани 848, активни 266• Пробиштип 248, активни 94• Демир Хисар 104, активни 34• Македонски Брод 115, активни 15• Пехчево 60, активни 4• Берово 236, активни 60• Валандово 117, активни 36• Виница 224, активни 107• Делчево 299, активни 144 (74 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 90, активни 59• Свети Николе 543, активни 125• Кичево 724, активни 286• Ресен 284, активни 90• Неготино 232, активни 145 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 3.404 теста се преку: ИЈЗ-1181, ЦЈЗ Скопје-117, Авицена-534, Биотек-251, МАНУ -302, Жан Митрев (Филип Втори) -243, Систина со PCR метода -359, лабораторија Лаор –87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-127, Инфективна клиника-17, ГАК-0, Синлаб-83, Ремедика-44, лабораторија болница Козле-32, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -25, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 400• Гази Баба – 913• Аеродром -1.079• Карпош – 923• Центар – 893• Кисела Вода – 803• Ѓорче Петров – 555• Бутел – 366• Шуто Оризари – 93• Студеничани – 33• Сарај – 63• Арачиново -14• Илинден – 160• Сопиште – 58• Чучер Сандево – 47• Петровец –62• Зелениково -37• Странец – 88• Нераспределен- 145

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира