УСТАВНИОТ СУД ПРЕГЛАСА ОДЛУКА И ДОЗВОЛИ СПАСУВАЊЕ НА МИЛИОНСКИ БИЗНИСИ НА ВМРО-ДПМНЕ СО КОИ ГРУЕВСКИ ЌЕ СЕ ФАЛИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    УСТАВНИОТ СУД ПРЕГЛАСА ОДЛУКА И ДОЗВОЛИ СПАСУВАЊЕ НА МИЛИОНСКИ БИЗНИСИ НА ВМРО-ДПМНЕ СО КОИ ГРУЕВСКИ ЌЕ СЕ ФАЛИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИУставните судии блиски до ВМРО-ДПМНЕ биле под страшни партиски и бизнис притисоци како знаат и умеат да ја тргнат времената забрана за градба на почнатите 100-ина објекти што од 2015 наваму биле прогласени за објекти од посебен интерес, a преседанот еднаш веќе донесена одлука да се прегласа и смени, е официјално објавен на веб страната на Уставниот суд; - Од протестот против Уставниот суд на 17 март, 2016 (Фото: СДК.МК)

    Се премислил петтиот уставен судија, со чиј глас Уставниот суд за влакно успеа да го запре преслекувањето во барок на ГТЦ, Македонската опера и балет и Националната универзитетска библиотека, но и градбата на стотина станбени згради, приватни хотели  и други комерцијални објекти кои поранешната влада на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги прогласила за објекти од посебен интерес за државата. Еднаш веќе донесената одлука за времена забрана за градежни активности на објектите  од посебен интерес додека Уставниот суд не се изјасни за оспорениот член на законот е прегласана, и забраната е тргната. Со тргањето на мораториумот за градба ќе се спасат милионските бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ за стотина локации низ цела Македонија, а партијата ќе има проекти кои лидерот Груевски ќе ги промовира за престојните локалните избори.

    Преседанот еднаш веќе донесена одлука да се прегласа и смени, е официјално објавен на веб страната на Уставниот суд. Во решението постои одлуката со која на 5 април Судот донел одлука да биде поведена постапка против членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој владата може да си прогласи кој било објект од Македонија што ќе го пикира за објект од посебен интерес за државата, да ѝ го одземе на општината, да си изработи планско-урбанистичка документација за него и да си го пренамени во хотел, станбена зграда, тениско игралиште, спортска сала…

    Со одлуката тогаш беше донесена и времена забрана за градежни и секакви правни дејствија сѐ додека Судот не се изјасни за оспорениот член 50. Сега, таа времена мерка е тргната.

    Претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски (Фото: СДК.МК)

    Уставните судии блиски до претходната владејачка партија, според она што се зборува во Судот, биле под страшни партиски и бизнис притисоци како знаат и умеат да ја тргнат времената забрана за градба на почнатите 100-ина објекти што од 2015 наваму биле прогласени за објекти од посебен интерес.

    Притисоците, велат во Уставниот суд, биле од две причини.

    Едната причина е што на ВМРО-ДПМНЕ ѝ е неопходно 100-тината такви објекти низ цела Македонија да ги заврши до октомври годинава, за кога начелно е договорено меѓу партиите да се одржат локалните избори. Нивната реализација е потребна, велат нашите соговорници, за да има партијата на Груевски со што да се фали во кампањата за освојување што поголем број градоначалнички мандати.

    Тие киднапирани објекти под назив „…од посебен интерес…“, се објавувани во изданијата на Службен весник, од 2015 наваму. Најголемиот дел од нив веќе се во изградба. Еве неколку примери:

    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација (1) Е2 комунална супраструктура катна гаража (Центар), и (2) комерцијални и деловни намени  (Центар/Карпош)
    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација-домување во станбени згради и компатибилни класи (Центар) 72/2015
    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација –домување во станбени згради Дебар Маало Центар
    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација (1) домување во станбени згради Дебар Маало, (2) комерцијални и деловни намени ДУП Централно зеленило покрај река Вардар Парк I (3) домување во станбени гради ДУП Капиштец Геолошки завод (Центар)
    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација Б2 здравство и социјална заштита и компатибилни класи на основната намена И Е2 катни гаражи ДУП Капиштец (Центар)
    • Вицепремиерот Зоран Ставрески на 22.09.2015 година според Службен весник, потпишал градба од посебен интерес во Општина Центар, улица  Јордан Мијалков, за станбени објекти и дел од Градски Парк и ПУИГ, од вкупна површина 15.136м2
    • Вицепремиерот Владимир Пешевски потпишал за преслeкување во барок на ГТЦ, МОБ и Универзитетска библиотека.
    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација „Кригла“, паркинг односно катна гаража, и за комерцијални и деловни намери на местото на бараките на Град Скопје за деловен објект односно хотел долг 100м и висок 30 ката
    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација Б1 образование и наука со компатибилни намени на основната намена парцела 1.22 Центар Дебар Маало 1 одлука на општината од 21.12.1012
    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација E2 пристаниште со придружни содржини и градба за потребите на Капетанија за Охрид
    • Одлука за утврдување градба од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документација Б4 деловни дејности и компатибилни класи на намени блок З 12.01- УП градска четврт З 12 одлука на Совет на Град Скопје

    Со тргањето на мораториумот за градба, уставните судии помогнаа да се спасат милионските бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ за стотина локации низ цела Македонија, а партијата ќе има проекти кои лидерот Груевски ќе ги промовира за престојните локалните избори (Фото: СДК.МК)

    Но, има и одлуки за прогласување објекти од посебен интерес и надвор од Скопје, без никакви критериуми, заради изработка на урбанистичко-планска документација: за домување во Злетово, Општина Пробиштип, за домување, комерцијални и деловни намени и зеленило и спорт за Зелениково и Орешани, домување КО Бајково, Ново Село, за изградба на комерцијални станови деловни и јавни институции во Демир Капија, за домување во Лозово, Демир Хисар, за производство и сервиси во Лавци, за домување во Соколарци, Чешиново-Облешево, Кривогаштани, Ѓорче Петров, Пехчево, Арачиново, Ресен, Новаци, Нов Дојран, Таринци Карбинци, Богданци, Младо Нагоричане…

    Втората причина, велат соговорниците, е уште поопасна за главите на уставните судии кои таму се избрани по партиска директива, бидејќи овде се работи  за чист бизнис.

    Ако остане времената мерка за мораториум за градење, има опасност само во Центар и во Дебар Маало да пропаднат десетици и десетици милиони евра кои бизнисмените ги платиле за да градат или стопанисуваат со тие „објекти од посебен интерес“ што им ги украде претходната влада на општините.

    Правните експерти за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека новата влада на СДСМ може да стопира одлуки за објекти од посебен интерес, но ќе зависи од тоа какви правни обврски презела претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира