ЗАЕВ ЌЕ ОДМАРА ВО ОХРИД И ГРЦИЈА ПО ИЛИНДЕН, ДУРАКИ УШТЕ НЕМА ПЛАН ЗА ГОДИШЕН ОДМОР

    ЗАЕВ ЌЕ ОДМАРА ВО ОХРИД И ГРЦИЈА ПО ИЛИНДЕН, ДУРАКИ УШТЕ НЕМА ПЛАН ЗА ГОДИШЕН ОДМОРОд Владата денеска соопштија каде и кога ќе одат на летување премиерот и министрите од Владата. - Премиерот Зоран Заев. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев на годишен одмор летово ќе оди во Охрид и во Грција. Од Владата денеска соопштија каде и кога ќе одат на летување премиерот и министрите од Владата.

    Заев со семејството ќе одмара неколку дена во Охрид а потоа и во Грција по одбележувањето на празникот Илинден. Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе одмара од 25 јули до 5 август во Скандинавија, а заменик претседателот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, само неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција на почетокот на август. Вицепремиерот Бујар Османи од 2 до 10 август со семејството ќе летуваат во Албанија.

    Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски нема одлучено дали ќе оди и каде би одел на летување, како и заменик претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки кој сè уште го немал соопштено својот план за годишниот одмор. Mинистрите Никола Димитров и Венко Филипче уште немаат одлучено дали и каде ќе одат на годишен одмор.

    Од Владата информира дека министерката за правда Рената Дескоска одреден период од својот летен одмор ќе помине во Охрид, но сега за сега без определен датум поради претстојните разговори за новиот Законот за Јавно обвинителство.

    Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе замине на еднонеделен одмор од 4 до 11 август, но уште не знае каде, како и министрите за економија Крешник Бектеши и за земјоделство Трајко Димковски.

    Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на почеток на август ќе замине на одмор во Италија, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со семејството ќе летува во истиот период со семејството во Турција. Министерот за образование и наука Арбер Адеми, како и министерот за култура Хусни Исмаили кој ќе поминат неколку дена во Албанија и неколку дена во Охрид.

    Министер за локална самоуправа Горан Милевски нема да оди на годишен одмор, а министерот за животна средина Насер Нуредини ќе замине во Грција во периодот од 9 до 18 август.

    Во првата половина на август на одмор ќе замине министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, кој оваа година ќе одмара 7 дена во Грција. Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам, дел од годишниот одмор на почетокот на август ќе го помине во некоја од земјите од регионот.

    Министерката без ресор задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска заминува исто така на кус одмор на почетокот на август, сега за сега без одлука каде, додека министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан ќе одмара во Турција каде што ќе замине на 31 јули.

    Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бардул Даути ќе замине на годишен одмор во Албанија на 1 септември.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари