СРБИЈА И ЦРНА ГОРА МОЖЕБИ ЌЕ Ѝ СЕ ПРИКЛУЧАТ НА ЕУ ДО 2025, КАЖА ЈУНКЕР

    СРБИЈА И ЦРНА ГОРА МОЖЕБИ ЌЕ Ѝ СЕ ПРИКЛУЧАТ НА ЕУ ДО 2025, КАЖА ЈУНКЕР„Сите сѐ уште се многу далеку од исполнување на условите“, кажа претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер (Фото: ДПА)

    Србија и Црна Гора можеби ќе можат да влезат во Европската Унија до 2025 година, кажа денес Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија, нагласувајќи дека можниот датум е да се охрабрат земјите кон процесот на асоцијација.

    Јункер зборуваше во европскиот парламент неколку часа пред Европската комисија да ја открие нејзината нова стратегија за Западен Балкан, со осврт на интеграцијата на регионот од шест неевропски земји: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Албанија.

    Меѓу овие земји ЕУ ги смета Србија и Црна Гора како лидери во процесот на асоцијација и новата стратегија се очекува да ја даде 2025 година како дата за нивна асоцијација, ако ги исполнат условите.

    „Ова е можен датум, за да се охрабрат засегнатите земји да има континуитет во исполнување на работите“, кажа Јункер.

    Тој потенцираше дека ЕУ мора да им помогне на земјите од Западен Балкан да се придвижат кон асоцијацијата.

    „Сите сè уште се многу далеку од исполнување на условите. Но ние мора да им подадеме раце на нашите партнери од Западен Балкан, мора да им помогнеме за да го поминат овој тежок пат“, кажа Јункер.

    Тој предупреди дека земјите кандидатки мора да ги решат нивните конфликти околу границите, пред да можат да влезат во ЕУ. Унијата сè уште се занимава со спорот за границата меѓу двете земји членки Словенија и Хрватска.

    „Нема да се случи по втор пат – не со мене. Овие проблеми мора да бидат решени пред асоцијацијата, или нема да има натамошна асоцијација“, кажа Јункер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира