ЗАСТОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ПОРАДИ КОВИД-19 ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВЕЌЕ БОЛНИ СО КАРЦИНОМИ НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО И НА ЖЕЛУДНИК, ВЕЛИ Д-Р ЈУСУФ ВЕЈСЕЛИ ОД БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“

ЗАСТОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ПОРАДИ КОВИД-19 ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВЕЌЕ БОЛНИ СО КАРЦИНОМИ НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО И НА ЖЕЛУДНИК, ВЕЛИ Д-Р ЈУСУФ ВЕЈСЕЛИ ОД БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“Д-р Јусуф Вејсели, началник на Гастроентерохепатолошкиот оддел во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, апелира да не се игнорират симптомите и навреме да се оди на прегледи и тестови. (Фото: ГОБ „8 Септември“)

Поради застојот на прегледи што го предизвика коронакризата, една од последиците ќе биде поголемиот пораст на бројот на пациенти со гастроентерохепатолошки болести, пред сè карцином на дебело црево и карцином на желудник, предупредува д-р Јусуф Вејсели, началник на Гастроентерохепатолошкиот оддел во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“.

Д-р Вејсели вели дека стравот од пандемијата на ковид-19 ги намали сите редовни и скрининг гастроентерохепатолошки прегледи за 80 отсто, и затоа се ставени во втор план опасни и тешко излечиви болести од гастроинтестиналниот систем. (Фото: ГОБ „8 Септември“)

Во март, поради коронакризата, болницата „8 Септември” се претвори во ковид-центар и до 1 септември беше суспендирано нормалното функционирање на сите оддели, односно не се вршеа други прегледи освен на болните со ковид-19. Д-р Вејсели вели дека стравот од пандемијата на ковид-19 ги намали сите редовни и скрининг гастроентерохепатолошки прегледи за 80 отсто, и затоа се ставени во втор план опасни и тешко излечиви болести од гастроинтестиналниот систем.

Тој апелира да не се игнорират симптомите и навреме да се оди на прегледи и тестови.

„Карциномот на дебелото црево и на желудникот се малигни заболувања чији фреквенции се најчести. Колоноскопијата е златен стандард за откривање на промени во дебелото црево дури и во непрепознатлива фаза, а од другата страна гастроскопијата е златниот стандард за откривање на рани неопластични промени во желудникот“, вели д-р Вејсели.

Тој вели дека речиси шест месеци во болницата беа прекинати сите изборни гастроентерохепатолошки процедури и се изведуваа само итните ендоскопски процедури.

„Индикаците за итни ендоскопски процедури вклучуваа дијагностицирање и третман на акутно гастроинтестинално крварење, отстранување на туѓи тела од дигестивниот тракт, опструктивен холангитис и ендоскопскиот третман на билијарен панкреатит. Пред каква било постапка, прво се изведуваше скрининг за ковид-19, вклучително и телесна температура, крвна рутина, CT на бели дробови, серолошки испитувања за антитела, и понатамошните постапки зависеа од резултатите на горенаведените испитувања“, вели д-р Вејсели.

Во „8 Септември“ во тек на 2019 се направени околу 2.000 колоноскопски и над 2.000 гастроскопски процедури, над 5.000 базични ехотомографии, ЕРЦП и други методи кои имаат голема улога во превенција на различни малигни болести. Годинава, откако болницата стана ковид-центар, сите тие процедури беа минимизирани и растеше бројот на листата за чекање.

Иако од 1 септември болницата се отвори за редовни прегледи и хируршки интервенции, дополнителен проблем е дека дневно ќе се прегледуваат помалку пациенти поради протоколите за заштита од ковид, а намален е и капацитетот за прием на пациенти.

М. ИЛИОСКИ

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


    ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


    Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира