МАКЕДОНИЈА ОД ЕУ ЌЕ ДОБИЕ 66 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

    МАКЕДОНИЈА ОД ЕУ ЌЕ ДОБИЕ 66 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТВо ова време на нужда, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија со: 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони евра за социоекономско опоравување, 9 милиони евра за приватниот сектор, 3 милиони евра директна поддршка за буџетот“, објави амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар; - Луѓе со маска минуваат покрај канцеларијата на ЕУ во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Европската унија ќе ја помогне Македонија со 66 милиони евра за борбата против коронавирусот, твитна вечерва амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар.

    „Заедно сме во борбата против овој злобен вирус. Во ова време на нужда, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија со: 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони евра за социоекономско опоравување, 9 милиони евра за приватниот сектор, 3 милиони евра директна поддршка за буџетот“, објави Жбогар.

    Денеска Советот за општи работи даде зелено светло Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со Европската унија. За одлуката за отворање на преговорите со двете земји политичка согласност треба да дадат и лидерите на земјите од ЕУ, на самитот на Европскиот совет закажан за 26 март.

    Премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи, на прес-коференцијата во Владата по тој повод реоа дека за неколку денови се очекува првичната помош од ЕУ од околу 70 милиони евра за справување со коронавирусот, за што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира