НЕМА АЈВАР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:112:"Штосе800.000евра?Помалкуодмилион.Инештоповеќеод11евра.

1 Можам да си ги замислам Никола Груевски и неговото патриотско друштво како седат некаде и си играат мајтап со Катица Јанева. Си викаат – видете ја оваа, нѐ фатила за некои 800.000 евра. Хе , хе, хе… само 800.000 евра. Што се 800.000 евра? Помалку од милион.

Кога само за една набавка на опрема за следење успеале да ја зголемат цената за 800.000 евра, можеш да замислиш што сѐ има во „Скопје 2014“. И во автопатиштата. И во кинеските автобуси. И во украинските автобуси. И во гасоводот. И во компјутерите за секое дете. И во Рајската градина. И во Панорамското тркало. И за „ситни завршни работи“. Памтите колку беше првата цена за театарот, на пример?

Ги осомничиле за 800.000 евра. Тоа ти е како да ги фатиле дека крадат мастики од самопослуга.

2 Арно ама, во приказната за крадците на мастики има нешто многу поважно од ситнишот од 800.000 евра. Многу поважно и од споредбите што сѐ можело да се направи за тие 800.000 евра.

Приказната е како сценарио за некој лош филм, кој знаеш како ќе заврши уште во првите минути. Крадците на мастики ќе завршат во „сваровски“ судството, кај судија кого случајно го избрал компјутерот, ама затоа пред тоа бил штиклиран во тефтерот на Гордана Јанкулоска и проверен „да не смени страна“.

А филмот оди вака: Со наши пари купиле неколку опреми за да нѐ следат на сите можни начини. Ај што нѐ следеле нас, туку и меѓусебно си се следеле. Притоа, успеале за себе да ќарат некои 800.000 евра од нашите пари. Плус, потрошиле и нешто ситно, околу 300.000 евра наши пари за одржување на нешто што не било за одржување.

После, се самоубил сведокот што за нив со наши пари ја купувал опремата. Јеби га, несреќи се случуваат. Плус, еден од сопствениците на фирмата е некаков заменик, помошник, нешто во министерството за внатрешни работи. Ама е и член на Управен одбор на Телеком. Компанијата чиишто корисници на мобилната телефонија се прислушувани. И компанијата во која бил сместен некаков софтвер за следење на Интернет комуникации.

И после сѐ што чувме, а богами и видовме, уште не ви доаѓа памет? Уште не сте свесни за пеколниот план што го направил Никола Груевски со малата патриотска дружина околу него? Уште мислите дека тој најмногу ја сака Македонија? Повеќе од вас ја сака? И дека мисли на вас?

Што прави тој? На денот кога СЈО ја објавува истрагата за случајот „Трезор“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ни кажува дека ќе ни купува автобуси што ќе личеле на трамваи. Лидер на партија е. Со што ќе ни купи? Сигурно веќе и некој Крпач имаат најдено што ќе ги увезе автобусите со нашите пари.

На денот кога Судот најавува дека ќе му суди на 21 ноември за нарачување шамари и поттикнување насилство, Груевски објавува дека ќе ги дигал пензиите за 670 денари. И тоа се случува само еден ден откако од Светската банка предупредија дека Фондот за пензиско осигурување ќе пропадне, оти вгодина ќе треба дури 45 отсто од парите за пензии да се покриваат од Буџетот. Од буџетот што се полни со позајмени пари од еврообврзница. И кој ќе го полни? Од 21.000 нови вработувања, дури 18.700 се субвенционирани од истиот тој буџет. Ете како Груевски со наши пари си купува гласачи. А не е ни премиер. Обичен лидер на партија е.

Важно е сега да се дадат 11 евра поголеми пензии. На два-три дена пред избори. За тој да се спаси. После него, веќе никој и не мора да зема пензија.

Ако му се благодарни за 11 евра што ќе им ги даде од наши пари пред избори, тогаш нека му простат и за оние 800.000 евра од самопослугата. Башка, да не заборавиме. И тие 11 евра се пари обезбедени со кредит, оти парите што си ги имавме ни ги потрошија. За да не прислушуваат.

Не си купувале они со наши пари најсовремени електронски играчки. Они си купувале контрола врз нас.

3 Силвана Бонева порано беше пратеник, а сега е член на Државната изборна комисија. Цело време има работа од соништата. Патува и заработува. Како пратеничка, за две години на име на патни трошоци наплатила 39.000 евра. А како член на ДИК за шест месеци пропатувала од работа до дома за 12.000 евра.

Стварно се измачи жената по патишта. Излезе Силвана најскапа шетана женска во државата.

Туку, што правиме ако ДИК реши да штеди, па почне седниците да ги одржува во Струмица. Дали Бонева тогаш ќе каже дека има стан во Скопје?

4 Можеле да прислушуваат цела држава, ама обвинителството на Зврлески не можело да го декодира мобилниот на Коста Крпач. Можеле да ја следат електронската комуникација на сите, како во вицот – „На кој мејл да пратам? – На кој сакаш“ – ама судот не можел да ги прочита податоците од мемориската УСБ картичка на СЈО.

Толку пари за електронски играчки потрошија, а пак проблем со електрониката имаат.

Впрочем, не им е прв пат да имаат некаков проблем со мобилните. На Крпач барем му го најдоа телефонот. А на Никола Младенов? Телефонот го нема, а објавија дека му го нашле телото по сигналот од мобилниот.

Јеби га. Несреќи се случуваат.

5 Добро, уште ве има што не ве интересира политика? Оти сите се исти. Нели?

 

6 Деновиве паднале и десет казни за граѓани што правеле ајвар на јавна површина. Од градот Скопје велат дека казнуваат според Законот за јавна чистота. Казните се педесет евра.

Ич да не се секирате. Два пензионера во фамилија, малку штедење и ете ти – пола казна платена.

Кој вели дека правната држава не функционира? Баравте правда? Е па – има правда нема ајвар!

СЛУШАЈ ТУКА – AUDIO PODCAST

Слушај тука

Се согласувам со политиката на приватност
Внесете валидна е-маил адреса
Емаил адресата е веќе регистрирана!
The security code entered was incorrect
Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира