понеделник, 19 мај, 2025 ПРЕБАРАЈ
МЕНИ МЕНИ
  • Вести
    • Сите Вести
    • Култура
    • Македонија
    • Свет
  • Дописна мрежа
  • Нераскажани приказни
  • Подкаст
  • СДК Магазин
  • Пријави проблем
  • Климатска акција
    • Сакам зелено
    • Зелена база
  • Сакам да кажам
    • Колумни
    • Слушај тука
    • Ти ќе ми кажеш
    • Книги
    • Архива
    • DUA TË THEM

БАКШИШ СУДИИ

Најгрдо од сè е тоа што грдотијата никому не пречи.

  • Lexo në shqip
12407
16 јули 2021 - 18:08

БАКШИШ СУДИИ

1 Готово е. Проблемот со корупцијата во судството, па и воопшто во државната администрација е лоциран. Не би имало корупција, ако не би постоеле медиуми што измислуваат дека има корупција. Тоа многу убаво го објасни претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој вели дека и нему му пристапувале голем број луѓе, граѓани и му викале „еј слушај, за оваа работа, вака, така…“. А тој им одговарал: „Ама ајде, ве молам…“.

„Така размислува нашиот граѓанин. Дека за нешто кога треба да заврши треба да даде, ај да бидам благ – бакшиш“, вели судијата Џолев и за тоа ги обвинува медиумите. „Го хранат нашиот граѓанин, го охрабруваат со наслови дека се корумпирани, го охрабруваат дека само ако понуди некаде пари може да заврши работа“.

Направивме Антикорупциска комисија, цел свет ја финансира за да лови корупција кај државни службеници, Владата измисли функција вицепремиер за борба против корупција, Стејт департментот и Европската комисија секоја година пишуваат извештаи за состојбата со корупцијата во Македонија, и сето тоа било џабе. Затоа што корупција – нема. Тоа некои медиуми си измислуваат наслови дека има корумпирани судии, луѓето читаат, одат на суд и даваат бакшиш.

Бакшиш се дава на келнер, ако си задоволен од услугата. Познавате ли некој келнер што одбил бакшиш? Па замисли, уште и да те пријави во Антикорупциска комисија. А тие уште и предмет ќе ти отворат.

А што даваат луѓето кои се задоволни од услугата на судијата? Мито даваат? Ма ајде, ве молам. Скраја да е. И тие даваат бакшиш, да се изразам поблаго, како што политички коректно се изрази судијата Џолев. А колку се остава? Па не знам, во кафеана обично околу десет проценти. Во суд колку? Пет од целото? Да не е многу? Ама ајде, ве молам.

Судиите се ставени пред свршен чин и под притисок на медиумите. Ако некој упорно ти нуди бакшиш, ќе го навредиш ако не го земеш. Еднаш, два пати ќе одбиеш, ама трет пат веќе ти станува непријатно да одбиваш.

2 Ако е вакво логото за триесетгодишнината од независноста на државата, каква ли ќе биде прославата на 8 Септември?

Тој агресивен дилетантизам во постапката за правењето на логото, а потоа и во одбраната на владината служба за односи со јавноста, ме потсети на една случка од кога ми беше мала ќерката. Ме среќава една госпоѓа во самопослуга, го гледа девојчето во детска количка и ми вика: „Тебе вака да те потшишаат. Кој ја шишаше?“. А јас, мрморејќи ѝ одговарам „Таму една“. На што госпоѓата уште еднаш фрла поглед да ја одмери фризурата на девојчето и ми враќа: „Море, изгледа ќе да е повеќемина да ја шишале. Така личи“.
Така и со логото за прославата на триесетгодишнината од референдумот за независност. Кој го црташе? Тим владини графички дизајнери. Е па, така личи.

Државата ни е убава. Природата ни е убава. Ама општеството ни е грдо. А, логото си е таман грдо, колку што ни е грдо општеството. Сè до каде што стасала и изгнасила човечка рака во убавата природа е грдо.
Грдо ни е ѓубрето по патиштата и тротоарите. Грди ни се дивите депонии. Грд ни е урбаниот хаос во градските населби со пренатрупаните згради, блокирани улици и метежот од паркирани коли. Грд ни е шутот исфрлен по селата и затнатите потоци и канали. Грд ни е Вардар што „ја краси Македонија“ со пластичните шишиња што пловат по него и се таложат на лажните галии. Грди ни се тоалетите во училиштата. Грди ни се болничките ходници. Грдо ни е узурпираното крајбрежје во Охрид и Струга и ѓубриштата во Преспа и Дојран. Грди ни се патиштата, неискосената трева од банкините, лошата сигнализација. Грди ни се железничките вагони…

Грда ни е и корупцијата што ја измислуваат медиумите. Грда е и недоветноста на институциите да бидат во служба на јавниот интерес. Грдо е што никој не е надлежен за ништо. Грдо е тоа што неспособни партиски подлизурковци добиваат функции за да одлучуваат за нашите животи.

А најгрдо од сè е тоа што грдотијата никому не пречи.

3 Пред неколку дена објавивме наслов: „Обвинета вчера фати пролив на завршни зборови, денеска се пензионираше поротник и судењето на Канческа за Музејот на ВМРО се врати на почеток“. Станува збор за судски процес во предмет на СЈО што почнал пред четири години и сега се враќа на повторно судење.

Многумина реагираа дека сме го ставиле зборот „пролив“ во наслов. Многу било грдо. Им се згадило од зборот. А не им се згадило од целата манипулација да се врати судењето на почеток. Не им пречи дека случајот се влечкал четири години. Не им пречи дека е избран судија-поротник на возраст кога постои голема шанса до крај на процесот да се пензионира. И не им пречи дека баш ден пред неговото пензионирање, едната обвинета фатила пролив и рочиштето се одложило. Ама зборот „пролив“ им пречел. Глумат „граџанска финоча“. Им пречи збор, а не им пречи криминал и корупција.

4 Шест судења на случаи на СЈО за високопрофилен криминал и корупција се вратени на почеток по четири години влечкање. Што ќе каже претседателот на Судот Иван Џолев за тоа? Дека судиите одбивале бакшиш?

Ова се случува за време на владеење на политичка гарнитура која ги доби изборите водејќи се од ентузијазмот на граѓанките и граѓаните желни за промени кои ги искажаа во слоганот „Нема правда, нема мир“. Е па, нема правда. А мирот е купен со партиски вработувања. Бакшишот не е евидентиран, зашто на него не се плаќа данок.

АУДИО ВЕРЗИЈА

Sakam Da Kazam · БАКШИШ СУДИИ (BAKSIS SUDII) – 16 07 2021
Се согласувам со политиката на приватност
Внесете валидна е-маил адреса
Емаил адресата е веќе регистрирана!
The security code entered was incorrect
Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
Инстаграм 481 Сакам да кажам 1668 8 Септември 69 Goran Mihajlovski 277 Sakam da kazam 268 Антикорупциска комисија 131 бакшиш 1 Иван Џолев 49 лого 9 мито 41 поротник 3 СЈО 1430 судии 98

ПОВРЗАНИ

Вчитување…

Најчитани

МАКЕДОНИЈА 2008

МАКЕДОНИЈА 2008

ПЕТ ГОДИНИ СТАНАРИ НА СКОПСКАТА УЛИЦА ОРЦЕ НИКОЛОВ СТРАВУВААТ ДЕКА ЗГРАДАТА ЌЕ СЕ ЗАПАЛИ ОД ЌЕБАПЧИЛНИЦА КОЈА МЕСТО ВЕНТИЛАЦИЈА ИЗБУШИЛА ОТВОР ВО ФАСАДАТА, МИРИЗБАТА ИМ ВЛЕГУВА ДОМА

ПЕТ ГОДИНИ СТАНАРИ НА СКОПСКАТА УЛИЦА ОРЦЕ НИКОЛОВ СТРАВУВААТ ДЕКА ЗГРАДАТА ЌЕ СЕ ЗАПАЛИ ОД ЌЕБАПЧИЛНИЦА КОЈА МЕСТО ВЕНТИЛАЦИЈА ИЗБУШИЛА ОТВОР ВО ФАСАДАТА, МИРИЗБАТА ИМ ВЛЕГУВА ДОМА

НА МЕСТОТО НА ОПОЖАРЕНИТЕ БАРАКИ НА ЗАВОДОТ ЗА УРБАНИЗАМ И АРХИТЕКТУРА ВО СКОПЈЕ ЌЕ НИКНЕ КАФЕАНА, А НАМЕНАТА НА ЛОКАЦИЈАТА Е ОБРАЗОВАНИЕ

НА МЕСТОТО НА ОПОЖАРЕНИТЕ БАРАКИ НА ЗАВОДОТ ЗА УРБАНИЗАМ И АРХИТЕКТУРА ВО СКОПЈЕ ЌЕ НИКНЕ КАФЕАНА, А НАМЕНАТА НА ЛОКАЦИЈАТА Е ОБРАЗОВАНИЕ

ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА КАБИНЕТОТ НА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ДОЈДОА СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО И ШОФЕР НА НАСТАН НА ЕДЕН КИЛОМЕТАР ОД НИВНОТО РАБОТНО МЕСТО

ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА КАБИНЕТОТ НА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ДОЈДОА СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО И ШОФЕР НА НАСТАН НА ЕДЕН КИЛОМЕТАР ОД НИВНОТО РАБОТНО МЕСТО

НА 14 МАЈ Е РЕГИСТРИРАНА „РУСТИ КИДС“, СОПСТВЕНИК НА КАФЕАНАТА ШТО СО МЕСЕЦИ СЕ ГРАДИ НА МЕСТОТО НА БАРАКИТЕ НА ЗАВОДОТ ЗА УРБАНИЗАМ И АРХИТЕКТУРА КАДЕ НАМЕНАТА Е ОБРАЗОВАНИЕ

НА 14 МАЈ Е РЕГИСТРИРАНА „РУСТИ КИДС“, СОПСТВЕНИК НА КАФЕАНАТА ШТО СО МЕСЕЦИ СЕ ГРАДИ НА МЕСТОТО НА БАРАКИТЕ НА ЗАВОДОТ ЗА УРБАНИЗАМ И АРХИТЕКТУРА КАДЕ НАМЕНАТА Е ОБРАЗОВАНИЕ

„САКАМ ДА КАЖАМ“

платформа за слободоумни е проект на

СДК Михајловски Дооел, Скопје и на Здружение „Сакам да кажам“ Скопје.

Уредник: Горан Михајловски
Проверка на факти: Марина Костова
Менаџер на социјални мрежи: Мирослав Илиоски
Редакција: [email protected]
контактирајте нѐ: [email protected]
Поштенски фах: 367
©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Архива

Колумната САКАМ ДА КАЖАМ излегува од 12 јануари, 1991 година

© 2016 - 2025 Сакам Да Кажам. Сите права задржани | Политика на приватност | Политика на инклузија | Правилник за внатрешно пријавување | Кодекс на однесување | Маркетинг понуда

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ДОНИРАЈ