СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е МЕЃУ КЛУЧНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО ГРЦИЈА, ВЕЛИ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

    СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е МЕЃУ КЛУЧНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО ГРЦИЈА, ВЕЛИ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТИзвештајот е резултат на американско-грчкиот стратешки дијалог, што на 13 декември 2018 во Вашингтон го почнаа американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за надворешни работи на Грција Јорго Катругалос (Фото: Твитер/Стејт Департмент)

    Стејт департментот на САД денеска ја објави Интегрираната стратегија на земјата за Грција како сојузник од ЕУ и НАТО, во која Грција се смета за „столб на стабилноста во комплициран регион“. Една од зацртаните цели на мисијата на САД за земјата е „Грција да ја зајакне својата регионална улога како стабилна демократија во тешко соседство, вклучувајќи и целосно спроведување на Договорот за името со Македонија и континуирана соработка за интеграција на Западен Балкан во ЕУ и НАТО“.

    Според оваа стратегија, позицијата на Грција во Источен Медитеран е од клучно значење на националните безбедносни и енергетски приоритети на САД.

    „Јавната и приватна поддршка што САД ја даваа на Грција во текот на 9-те години економска криза и во неодамнешната мигрантска криза предизвикаа пресврт во антиамеиканизмот што траеше со децении“, се вели во документот што го објави весникот „Катимерини“, а во кој се вели дека има можности американската амбасада во Атина натаму да ги култивира односите, особено во областа на безбедноста, инвестициите и трговијата.

    „Со охрабрување на Грција да ја зголемува својата улога во европскиот енергетски сектор и да почне реформи во образованието, амбасадата во Атина ќе се бори против обидите на глобалните противници да ја експлоатоираат геополитичката важност и структурните слабости на Грција за да го дестабилизираат регионот и да поттикнат антизападно чувство“, се вели во извештајот.

    Овој извештај е дел од 4-годишна стратегија на амбасадата која ги артикулира приоритетите на Вашингтон за да се развијат заеднички цели меѓу Стејт департментот и другиве владини агенции на САД за програмите во Грција.

    Извештајот е резултат на американско-грчкиот стратешки дијалог, што на 13 декември 2018 во Вашингтон го почнаа американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за надворешни работи на Грција Јорго Катругалос. Како што соопшти тогаш Стејт Департментот, Договорот од Преспа за решавање на спорот за името со Македонија имал централно место во разговорите.

    „САД ја поздравија лидерската улога и визијата на Грција за промоција на регионалната соработка, меѓу другото и за постигнувањето на Преспанскиот договор со Скопје и работата за негова имплементација“, стоеше тогаш во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира