На 31 август треба да се избере нова техничка Пржинска влада, а изборите ќе бидат на 4 или 11 декември, се договорија денеска политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за излез од политичката криза. Договорот за избори е условен со лидерската средба закажана за 31 август, на која треба да се оцени дали се исполенти сите критериуми за одржување фер и демократски избори.
На 31 август ќе треба да се избере и техничка, тнр. Пржинска влада за спроведување избори.
Новиот спорен Законт за внатрешни рабпти нема да важи до крајот на годината, а новиот министер за внатрешни работи ќе ги има сите ингеренции и ќе може да смени одреден број луѓе од раководни позиции.
4-те партии се договориле и да го повикаат Уставниот суд на првата седница во септември да се изјасни за уставноста на СЈО, и ако оспори макар и еден дел од законот за Специјалнот обвинителство, за 5 дена лидерите да се состанат и да го решат и тој проблем.
За медиумите останува ад хок телото што ќе контролира и мониторира до избори, а договорено е 6 месеци после изборите веднаш да се донесе нов закон според препораките од Прибе.