КАТИЦА ЈАНЕВА ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА, УТРЕ ЌЕ БИДЕ ОДНЕСЕНА НА ПОГРЕБОТ НА МАЈКА СИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

    КАТИЦА ЈАНЕВА ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА, УТРЕ ЌЕ БИДЕ ОДНЕСЕНА НА ПОГРЕБОТ НА МАЈКА СИ ВО ГЕВГЕЛИЈАОбвинителката за организиран криминал и корупција пред судијата на претходна постапка се согласила на Јанева утре да и биде овозможено присуство на погребот на нејзината мајка, на градските гробишта во Гевгелија. (Фото: К. Попов)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева доби мерка притвор во траење од 30 дена, како трета осомничена во случајот „Рекет“, покрај Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Јанева како обвинител нема имунитет, иако јавнообвинителската функција е со доживотен мандат.

    Таа веднаш оди во истражниот затвор во Шутка, каде ќе ја помине првата ноќ лишена од слобода, но изутрина заминува за родниот град Гевгелија. Обвинителката за организиран криминал и корупција пред судијата на претходна постапка се согласила на Јанева да и биде овозможено присуство на погребот на нејзината мајка, на градските гробишта во Гевгелија, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Основниот суд Скопје 1.

    Мајката на Јанева починала по повеќемесечно боледување, токму кога полицијата ја апсеше специјалната обвинителка утринава во нејзиниот дом во населбата во Козле во Скопје.

    „Ова за мене беше најтешкото соочување во мојата јавнообвинителска кариера. Не станува збор само за мебел од 5.000 евра, има уште докази во постапката. Има судир на интереси што адвокатот Стеван Павлески е адвокат на обвинети од Јанева. Адвокатот зеде обврска тој и неговата канцеларија да ги откажат тие полномоштва. Во меѓувреме, се собраа многу докази дека Јанева го сторила кривичното дело. Јас не барам притвор бадијала“, рече по изрекувањето на мерката притвор обвинителката Вилма Рускоска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира