Државниот секретар на САД Мајк Помпео во рамките на официјалната посета на земјава ја посета и црквата „Света Богородица Перивлепта“ во стариот дел од Охрид, кај Горна порта. Тој заедно со сопругата и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнс, беше пречекан од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
Црквата „Света Богородица Перивлепта“ е обновена и заштитена со средства обезбедени од програмата на УСАИД.
Помпео денеска имаше средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, на кои најави дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Тој на заедничката прес-конференција со премиерот Заев ги предупреди граѓаните да внимаваат на руското влијание и на кинеската технологија.