ПОЛИЦИЈАТА ТОЛЕРИРА ПАРКИРАЊЕ НА ПЕШАЧКАТА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ

    ПОЛИЦИЈАТА ТОЛЕРИРА ПАРКИРАЊЕ НА ПЕШАЧКАТА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕДолж пешачката улица по цел ден слободно си влегуваат коли и комбиња и се паркираат кај што ќе стигнат. (Фото: СДК.МК)

    Возила секој ден слободно се паркираат на улица Македонија и споредната Луј Пастер во строгиот центар на градот. Долж пешачката улица по цел ден слободно си влегуваат коли и комбиња и се паркираат кај што ќе стигнат. Наместо на пешачки дел, улицата личи на организиран паркинг простор. Возилата без проблем влегуваат бидејќи во делот кај улицата Даме Груев нема столпчиња, граѓани постојано ги кршат.

    Паркинг не е само на улица Македонија туку цело Скопје. Секој паркира кај стигне бидејќи полиција нигде нема.

    Од Општина Центар и Град Скопје велат дека тие немаат надлежност да казнуваат за погрешно паркирање туку сообраќајната полиција, па затоа побарале од Владата да донесе Закон за комунална полиција.

    „Со пајак возило на улица Македонија не можеме да влеземе, нема простор“, велат од Општина Центар.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека не е вистина дека полицијата нигде ја нема и не казнуваат за погрешно паркирање.

    „Постојано казнуваме, секој ден имаме по 100 казни. Од први јануари до 31 август изречени се 20.000 казни за погрешно паркирање и 15.000 возила се подигнати со пајак. Зар тоа е малку? Но, граѓани и покрај тоа не ги почитуваат прописите, потребна е поголема совесност и од граѓаните“, велат од МВР.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари