АКИ ОД КАМЕЊАНЕ БЕШЕ ДОМАЌИН НА МИК ЏЕГЕР И СТОУНСИ ВО ВИЕНА

    АКИ ОД КАМЕЊАНЕ БЕШЕ ДОМАЌИН НА МИК ЏЕГЕР И СТОУНСИ ВО ВИЕНАПо нивниот концерт во Виена Мик Џегер и „Ролинг стоунс“ беа гости на Аки Нуредини во неговиот ресторан „Соле“. (Фото: Приватна архива)

    Аки Нуредини, родум од тетовското село Камењане, кој е сопственик на популарниот ресторан „Соле“ во Виена, завчеравечер беше домаќин на Мик Џегер и на останатите членови од „Ролинг стоунс“ по нивниот концерт во австрискиот главен град. „Соле“ е близу Државната опера во Виена, а над 30 години е омиленото сврталиште на оперските ѕвезди ина австриските политичари и дипломати од кои повеќето станаа блиски пријатели со семејството Нуредени.

    На концертот на легендарните Стоунси во Виена, кој е дел од нивната најнова светска турнеја, Џегер го испеа нивниот хит „Не можеш секојпат да го дониеш тоа што го сакаш“ (You Can’t Always Get What You Want) заедно со два украински детски хорови, „Вогник“ и „Ѕвиночок“, во знак на солидарност со Украинците кои 5 месеци ја бранат својата земја од воената агресија на Русија.

    Со Џегер во Виена настапија и два детски хора од Украина. (Фото: Д. Битазан)

    Аки Нуредини, кој е татко на министерот за животна средина Насер Нуредини, во Виена е познат како неформален амбасадор на Македонија, бидејќи неговиот ресторан е сврталиште и на македонски политичари, бизнисмени, уметници и добронамерници кои го посетуваат австрискиот главен град, или како што вели тој самиот, „’Соле’ не е ресторан, туку институција, интересен спој на култура и политика“.

    На Аки во 2018 му беа врачениа Златен медал и Златен крст на честа за служба во Австрија, највисоко призание што го доделува претседателот на оваа земја, а во 2009 година беше прогласен за почесен граѓанин на Виена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира