7 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, ОД НИВ ТРОЈЦА СЕ ОД ДЕЛЧЕВО, НОВИ 186 СЛУЧАИ

    7 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, ОД НИВ ТРОЈЦА СЕ ОД ДЕЛЧЕВО, НОВИ 186 СЛУЧАИОд почетокот на пандемијата до сега во Делчево се регистрирани 138 случаи на ковид-19, од кои во моментов активни се 75. Брза помош во кругот на Клиничкиот центар во Скопје - (Фото: К.Попов)

    Седум лица починаа, а 186 нови случаи на ковид-19 се регистрирани од 1.674 тестирања во изминатите 24 часа. Починатите се во болнички услови на возраст од 43 до 78 години и тоа од Куманово (53), двајца пациенти од Струга (68 и 70), еден од Гостивар (61) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78).

    Од почетокот на пандемијата до сега во Делчево се регистрирани 138 случаи на ковид-19, од кои во моментов активни се 75.

    Новите регистрирани случаи се од Скопје-56, Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6463, активни 564

    • Куманово 1644, активни 215

    • Дебар 272, активни 37

    • Штип 1222, активни 72

    • Прилеп 581, активни 119

    • Тетово 1335, активни 134

    • Струга 639, активни 65

    • Велес 296, активни 23

    • Битола 259, активни 57

    • Охрид 399, активни 46

    • Кавадарци 211, активни 35

    • Гостивар 882, активни 94

    • Гевгелија 97, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 142, активни 77

    • Крива Паланка 89, активни 38

    • Радовиш 56, активни 11

    • Крушево 18, активни 2

    • Кочани 220, активни 76

    • Пробиштип 99, активни 19

    • Демир Хисар 61, активни 2

    • Македонски Брод 87, активни 9

    • Пехчево 42, активни 21

    • Берово 74, активни 20

    • Валандово 14, активни 5

    • Виница 96, активни 28

    • Делчево 138, активни 75 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 4

    • Свети Николе 312, активни 19

    • Кичево 297, активни 30

    • Ресен 156, активни 9

    • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.674 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-252, Биотек-129, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-217, Систина со PCR метода -182, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-26, ГАК-13, Синлаб-34, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

     

     

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 52

    • Гази Баба – 75

    • Аеродром – 83

    • Карпош – 71

    • Центар – 82

    • Кисела Вода – 52

    • Ѓорче Петров – 28

    • Бутел – 33

    • Шуто Оризари – 14

    • Студеничани – 9

    • Сарај – 17

    • Арачиново – 9

    • Илинден – 12

    • Сопиште – 2

    • Чучер Сандево – 3

    • Петровец – 6

    • Зелениково – 2

    • Странец – 7

    • Нераспределен-7

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира