АЕРОДРОМ, ЦЕНТАР И КАРПОШ ИМААТ ПО НАД 300 АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ВО СКОПЈЕ ВО МОМЕНТОВ ИМА 1.802 БОЛНИ

    АЕРОДРОМ, ЦЕНТАР И КАРПОШ ИМААТ ПО НАД 300 АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ВО СКОПЈЕ ВО МОМЕНТОВ ИМА 1.802 БОЛНИИнфективната клиника во Скопје е полна, почна да се полнат и креветите во монтажната болница во Клиничкиот центар - екипа на Брзата помош пред Инфективната клиника (Фото: Ѓ.Личовски)

    Скопските општини Аеродром, Центар и Капрош имаат најмногу активни случаи на ковид-19, над 300. Според денешните податоци за бројот на заразени од 3.996 активни случаи во Скопје се речиси половина, односно 1.802.

    Најмногу заразени има во Аеродром-338, во Центар-328 и во Карпош-317. Потоа следуваат Кисела Вода-209, Гази Баба-171, Ѓорче Петров-154, Чаир-89 и во Бутел-70. Во Сарај бројката на заразени е 16, а во Шуто Оризари 13. Во Илинден има 31 позитивен жител, Сопиште-12, Петровец-6, Арачиново и Чучер Сандево по 4, во Студеничани и Зелениково по 3. Во бројките на Скопје влегуваат и 14 странци позитивни на ковид-19 и 20 нераспределени.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800. Во моментов во болница се лекуваат 432 пациенти.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира