ЕУ БАРА СИТЕ ПАРТИИ ДА ГО ПОДДРЖАТ СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕУ БАРА СИТЕ ПАРТИИ ДА ГО ПОДДРЖАТ СЈО

    Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска повторно ги повика потписниците на Договорот од Пржино да се придржуваат до договорот и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство, oткако владејачкото мнозинство во Собранието ги одби предлозите за измени на Законот за СЈО, во делот за продолжување на рокот за истрагата, како и измените на Законот за заштитени сведоци.

    „Улогата на СЈО беше договорена од сите партии, како дел од Договорот од Пржино. Сите партии повеќепати се обврзаа да ја поддржат работата на СЈО. ЕУ ги охрабрува сите да дејствуваат во согласност со своите обврски и ја истакнува важноста на отчетноста“, соопшти Делгацијата на ЕУ во Скопје.

    Специјалното јавно обвинителство игра клучна улога во овој процес, за што му е потребна постојана поддршка од сите вклучени страни, реагираа и од Холандската амбасада во Скопје.

    „Холандија секогаш се залага за отчетност како еден од основните предуслови за враќање на довербата во политичкиот систем на државата. Специјалното јавно обвинителство игра клучна улога во овој процес, за што му е потребна постојана поддршка од сите вклучени страни, со цел непречено да ја исполни својата мисија, како што и беше договорено од страна на политичките лидери, за доброто на Македонија, нејзините граѓани и нејзината иднина“, соопштија од амбасадата.

    На денешната пленарна седница во Собранието, донесувањето на измените на Законот за СЈО, по скратена постапка, го поддржаа 36 пратеници, додека против гласаа 54. За измените на Законот за заштита на сведоци гласаа 42, а 52 беа против.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, по гласањето изјави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ останале на ставот дека нема да прифатат никакво барање од СЈО и никакви нови договарања, преговарања и продолжувања на рокови кои се надвор од Договорот од Пржино.

    На новинарско прашање дали кај владејачката партија постои страв дека нивни членови ќе бидат гонети од СЈО и затоа не го поддржуваат законот, Димовски одговори дека не им е страв и дека никој не е над Уставот и над Собранието.

    „Тој што мисли дека е над нив, ќе ја добие лекцијата што беше испорачана денеска“, изјави Димовски.

    Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ по гласањето рече: „Очигледно е дека обвинетиот Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не сакаат да се овозможи непречена работа на Специјалното јавно обвинителство. Од што се плаши ВМРО-ДПМНЕ, па упорно не сака да ги изгласа предложените измени на Законот за СЈО и на Законот за заштитени сведоци? Противењето на овие измени, како и неодамнешниот однос на пратениците кон специјалната јавна обвинителка, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не сака силно специјално обвинителство кое докрај ќе ги расчисти истрагите што ги почна“.

    Реакција на денешното гласање за измените на законите што ги бара СЈО имаше и пратеникот Рафиз Алити од ДУИ. Тој рече дека гласал за двата закони и смета дека истото требало да го направат и другите пратеници.

    „Реков дека не сакам опозицијата да има алиби дека не сака избори. ДУИ две години се подготвува за избори и останува на тоа што било договорено, дека избори треба да има на 11 декември. ДУИ останува на ставот дека СЈО треба да ги врши својата работа и задача за што е формирано, а ние како пратеничка група и другите парламентарни партии дадовме доверба и стоиме на тоа дека треба да ја вршат работата според законот“, рече Алити.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира