ИЗБОРИТЕ ОДЛОЖЕНИ, НА РЕД ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБОРИТЕ ОДЛОЖЕНИ, НА РЕД ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА

    Протестите на шарената револуција во Скопје и во уште неколку града, завршија. Остана да се зборува за денешниот засилен дипломатски притисок кој почна веднаш по одлуката на Уставниот суд за запирање на сите активности на ДИК околу одржувањето на изборите на 5 јуни, како и запирање на почнатите изборни кампањи. Решението на Уставниот суд веднаш беше објавено во Службен весник, а собранискиот спикер Трајко Велјаноски експресно закажа седница, за доцна попладне.

    По седницата на Уставниот суд почна и дипломатскиот притисок. Први со соопштение се јавија САД.

    „Поништувањето на помилувањата од 12 април треба да се направи итно и на начин на кој ќе се зачува начелото на одговорност, ќе се избегне селективна примена на правдата и ќе се неутрализира сериозната загриженост во врска со неказнивоста. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот“, стои во соопштението од американската амбасада во Скопје.

    Со исто барање се јави и ЕУ. Во заедничка изјава на потпретседателката на Европската Комисија Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан, се бара „помилувањата од 12 април да се повлечат без одлагање за да се заштити принципот на отчетност и да се избегне селективна правда„.

    И специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, се огласи со соопштение. Тој најави дека утре ќе допатува во дводневна посета на Скопје за одново да разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино, со претставници на меѓународната заедница со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

    Речиси координирано со Европската комисија и со Амбасадата на САД во Македонија кои ја поздравија одлуката на Уставниот суд, но порачаа дека аболицијата на Иванов мора да биде укината, се јави и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

    Тој денеска, како што јави Ројтерс ја предупреди Македонија да не дозволи политичката криза да и ги урне надежите за влез во Северноатлантската алијанса.

    Столтенберг го повика претседателот Ѓорге Иванов да го повлече помилувањето на политичарите и нивните соработници.

    Се случи и 101 собраниска седница. Откако за министри беа вратени Митко Чавков за внатрешни работи и Диме Спасов за труд и социјала, опозицијата го напути Парламентот. Внатре останаа само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кога Шарената револиција со чаталот удри прво по канцеларијата на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а потоа и по останатиот дел од зградата. Пратениците останаа заглавени внатре оти сите приоди до Собранието беа блокирани поради протестите.

    И покрај одложувањето на изборите, Шарената револуција најави дека не се откажува од протестите се до исполнување на сите барања меѓу кои на врвот се повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари