ОКОЛУ 1.500 ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДАТА

    ОКОЛУ 1.500 ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДАТАНа протестот присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски, кои го предводеа маршот од зградата на Министерството за правда до Владата.(Фото: М. Златевска)

    Околу 1.500 граѓани од сите градови организирани од ВМРО-ДПМНЕ попладнево протестираа против притворањето на учесници во организираниот напад на Собранието на 27 април. На протестот присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски, кои го предводеа маршот од зградата на Министерството за правда до Владата.

    Пред Владата се обратиja Зорица Чавкова, ќерка на притворениот Митко Чавко и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    Груевски рече дека новата Влада нанесува направди и влева страв кај граѓаните и дека им нанеле неправда на сите притворени за 27 април. Тој рече дека приведените не се терористи и дека партијата бара слобода за „патриотите и неправилно приведените“. По говорот на Груевски присутните си разотидоа, а членовите на ВМРО-ДПМНЕ најавија нов протест за утре во 18 часот пред Министерството за правда.

    Обвинителството минатата недела објави дека отвори истрага против 36 лица за организираниот напад во Собранието на 27 април, вклучувајќи ги поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и шест пратеници во Собранието, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски. Сите се осомничени во истражната постапка за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а минималната казна за ова кривично дело е 10 години.

    Основниот суд Скопје 1 им изрече мерка притвор од 30 дена на 21 од осомничените, вклучувајќи ги Митко Чавков, и Игор Дурловски, Богдан Илиевски Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски, водачи на неформалното здружение „За заедничка Македонија“ кое што беше инспиратор на протестите што доведоа до организираниот напад во Собранието на 27 април.

    Собранието на 1 декември со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата. Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција и сега судот може да пристапи кон одлучување по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое што бара одредување мерка притвор за пратениците. Се гласаше поединечно за секој пратеник, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присутвуваа на гласањето.

    Полицијата сѐ уште трага по шест лица осомничени за учество во организираниот напад во Собранието на 27 април, изјави на 1 декември министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира