ПРЖИНСКА ВЛАДА НА 31 АВГУСТ, ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЖИНСКА ВЛАДА НА 31 АВГУСТ, ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

    На 31 август треба да се избере нова техничка Пржинска влада, а изборите ќе бидат на 4 или 11 декември, се договорија денеска политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за излез од политичката криза. Договорот за избори е условен со лидерската средба закажана за 31 август, на која треба да се оцени дали се исполенти сите критериуми за одржување фер и демократски избори.

    На 31 август ќе треба да се избере и техничка, тнр. Пржинска влада за спроведување избори.

    Новиот спорен Законт за внатрешни рабпти нема да важи до крајот на годината, а новиот министер за внатрешни работи ќе ги има сите ингеренции и ќе може да смени одреден број луѓе од раководни позиции.

    4-те партии се договориле и да го повикаат Уставниот суд на првата седница во  септември да се изјасни за уставноста на СЈО, и ако оспори макар и еден  дел од законот за Специјалнот обвинителство, за 5 дена лидерите да се состанат и да го решат и тој проблем.

    За медиумите останува ад хок телото што ќе контролира и мониторира до избори, а договорено е 6 месеци после изборите веднаш да се донесе нов закон според препораките од Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари