ВМРО-ДПМНЕ ЕМ ЌЕ ОДИ НА ИЗБОРИ, ЕМ ЌЕ ПРЕГОВАРА СО СТРАНЦИТЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:632:"ВопрватаединицалистатаќејаводилидеротнапартијатаНиколаГруевски,којеаболиранодпретседателотИвановзашесткривичниделазакоиможебиеосомничен,аможебиеисамосведок,аостанатитеносителиналистинајверојатноимаатобезбеденодоказодсудотдеканесеосудувани,штоеусловдасенајдатнакандидатскителистизапратеници

    ВМРО-ДПМНЕ ЕМ ЌЕ ОДИ НА ИЗБОРИ, ЕМ ЌЕ ПРЕГОВАРА СО СТРАНЦИТЕ

    ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од изборите, но не се откажува ни од преговорите. Претседателот на Унијата на млади сили, Владимир Нелоски ноќеска пред полноќ додека ги доставуваше листите на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија изјави дека неговата партија ќе ги продолжи преговорите за излез од политичката криза.

    „Извршниот и Централниот комитет на нашата партија одлучија да го поддржат нашиот преговарачки тим да продолжи со преговори за излез од оваа криза во која СДСМ ја воведе нашата земја“, ја пренесе агенцијата МЕТА изјавата на Нелоски при поднесувањето на листите.

    Фото: Фејсбук

    Од вчерашното предавање на листите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ (Фото: Фејсбук)

    Во првата единица листата ќе ја води лидерот на партијата Никола Груевски, кој е аболиран од претседателот Иванов за шест кривични дела за кои Груевски можеби е осомничен, а можеби е и само сведок во некои предмети на Специјалното јавно обвинителство. Останатите носители на листи не се помилувани и најверојатно имаат обезбедено доказ од судот дека не се осудувани, што е услов да се најдат на кандидатските листи за пратеници.

    Освен СДСМ која најави бојкот на изборите на 5 јуни, ниту коалициониот партнер на

    Груевски, ДУИ на Али Ахмети, ниту пак ДПА на Мендух Тачи не доставија листи со кандидати за пратеници.

    И покрај определеноста да се оди на избори, макар и сама, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да соработува со меѓународните посредници за решавање на кризата. Германската амбасада објави дека денеска и утре во Скопје ќе дојде новонаименуваниот специјален претставник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл, кој според соопштението од амбасадата ќе има средби со четворицата потписници на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и со другите амбасадори на ЕУ-земјите.

    специјален претставник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл, кој според соопштението од амбасадата ќе има средби со четворицата потписници на Договорот од Пржино

    Специјалниот претставник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл, според соопштението од германската амбасада ќе има средби со четворицата потписници на Договорот од Пржино

    Не е објавено дали Хајндл ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов од кого меѓународната заедница бара да ја повлече аболицијата на 56 политичари и да му овозможи на Специјалното обвинителство да си ја врши работата.

    Zа вистински издржано и одржливо решение, тоа треба да ги опфати помилувањата од страна на претседателот на начин кој ќе го сочува владеењето на правото, британскиот амбасадор Чарлс Гарет

    За вистински издржано и одржливо решение, тоа треба да ги опфати помилувањата од страна на претседателот на начин кој ќе го сочува владеењето на правото, британскиот амбасадор Чарлс Гарет

    Вчера попладне британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет предупреди дека „за вистински издржано и одржливо решение, тоа треба да ги опфати помилувањата од страна на претседателот на начин кој ќе го сочува владеењето на правото. Тоа подразбира правна одговорност за сите граѓани.“

    И евроамбасадорот Аиво Орав на 10 мај, за време на прославата на Денот на Европа побара Иванов да ја повлече одлуката за помилување. „Кога се донесе таа одлука, објаснувањето беше дека се прави поради евроатланската интеграција на земјата. Евроатланската интеграција значи демократија и владеење на правото. Но владеењето на правото го разбираме различно“, рече Орав.

    Вчера Шарената револуција маршираше до Водно. Во близина на претседателската резиденција се бараше отповикување на одлуката за аболиција. На барикадите кај американската резиденција на Водно демонстрантите псотавија портрет на Претседателот и го обоија на ист начин како што ги бојат фасадите, а пред шарениот портрет направија импровизирана бина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари