ОБВИНИТЕЛОТ ГО ПУШТИЛ НА СЛОБОДА СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ПОСТАВИ БОМБА ВО СОБРАНИЕТО

    ОБВИНИТЕЛОТ ГО ПУШТИЛ НА СЛОБОДА СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ПОСТАВИ БОМБА ВО СОБРАНИЕТООбвинителот го пуштил на слобода Л. Ј., иако пет дена по поставувањето на експлозивната направа во Собранието на 27 април, соработниците за евроинтеграции Мерван Јакупи и Нијази Јахја, во чиј кабинет била поставена, можеле да бидат повредени; - импровизираната бомба (Фото:принтскрин од АлсатМ)

    Експлозивната направа под едно од бироата во споените канцеларии број 116 и 118 во Собранието, на 27 април за време на насилствата во законодавниот дом, ја поставил 41-годишниот скопјанец Л. Ј., соопшти МВР. Против него МВР поднесе кривична пријава за неовластено производство и држење на оружје и распрскувачки материјали и за предизвикување општа опасност.

    Л. Ј. е на слобода по разговорот во обвинителството, иако пет дена по поставувањето на експлозивната направа, соработниците за евроинтеграции Мерван Јакупи и Нијази Јахја, во чиј кабинет била поставена, можеле да бидат повредени.

    Според МВР, вечерта на 27 април околу 19:00 часот, пријавениот заедно со толпата влегол во Собранието. Некаде околу 20:40 часот, заедно со уште 20-тина лица се качил на првиот кат од зградата, по што сам влегол во канцелариите бр.116 и бр.118, кабинетите на Јакупи и Јахја. Потоа, под едно од бироата, Л. Ј. ја поставил направата и си заминал. По пет дена утрината, откако двајцата вработени пристигнале на работните места и почнале да го средуваат нередот, Јакупи ги забележал петардата и импровизираната експлозивна направа на подот и под бирото. Мислел дека е факел, па заедно со колегата Јахја предметите ги однеле и ги оставиле до кофите за смет во ходникот. Истиот ден околу 17:00 часот, еден од вработените во собраниското обезбедување ја забележал експлозивната направа и веднаш ја известил Единицата за информации и команда во СВР Скопје. Специјализираната единица дошла и ја демонтирала направата. Полицијата поставувачот на бомбата, која за среќа не експлодирала, за кратко време го открила на снимките од безбедносните камери и веднаш го уапсила. Но обвинителот, по извршениот разговор, го пуштил на слобода.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира