ВИКЕНДОВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 19 ДО 5 ЧАСОТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ВИКЕНДОВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 19 ДО 5 ЧАСОТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАВо однос на олабавување на мерките ќе се следи ситуацијата овие денови по што ќе се излезе со мерки. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претстојниот викенд полицискиот час ќе почнува од 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден, одлучи Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.

    „Во однос на олабавување на мерките кои ќе се предложат од понеделник, останува да се следи ситуацијата овие денови по што ќе излеземе со мерки“, кажа Филипче на прес-конференција.

    Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 1.586, од кои оздравени 1.099, починати е 90, а во моментов активни 397.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира