НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГИ ОСУДИ ОДГОВОРНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА КОИ ДОЗВОЛИЛЕ НАСИЛСТВО МЕЃУ ДЕЦАТА

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГИ ОСУДИ ОДГОВОРНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА КОИ ДОЗВОЛИЛЕ НАСИЛСТВО МЕЃУ ДЕЦАТАНародниот правобранител бара од одговорните во училиштата, локалните самоуправи и просветниот инспекторат да преземат мерки за да се обезбедат училишта без насилство

    Народниот правобранител излезе со осуда на одговорните во училиштата кои навреме не реагирале и не го превенирале насилството меѓу учениците, по последните инциденти во училиштата во Неготино и во Битола, каде во првиот случај имаше насилство меѓу учениците, а во вториот насилство врз ученик изврши вработен во училиштето. Канцеларијата на Народниот правобранител го осуди и инцидентот во гимназијата во Гостивар, каде две надворешни лица претепаа вработен во училиштето.

    „Ги потсетуваме одговорните во училиштата, како и пошироко заедницата дека училиштето е воспитно образовна установа, која има обврска и должност да обезбеди грижа и заштита на децата, и да преземе превентивни мерки за спречување на насилството меѓу децата, но и врз децата“, вели канцеларијата на Народниот правобранител.

    Народниот правобранител бара од одговорните во училиштата, локалните самоуправи и просветниот инспекторат да преземат мерки за да се обезбедат училишта без насилство, во кои ќе владее позитивна клима, взаемно почитување и другарување меѓу учениците.

    „За Народниот правобранител инцидентот со насилството во гостиварската гимназија е пред сѐ срамен акт, но и лош пример за учениците, кои се образуваат во ова училиште. Го повикуваме Министерството за образование и наука да реагира за да се обезбедат училишта во кои сите ќе се чувствуваат безбедно и сигурно“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

    Според Народниот правобранител потребно е да се зајакнат капацитетите на наставниците да превенираат и спречуваат насилно однесување кај децата, и да развиваат комуникација меѓу децата, толернација, градење на самодоверба.

    „Сметаме дека во училиштата треба да се воспостават механизми за соодветна и навремена интервенција при насилство. Укажуваме дека родителите мора да покажат поголем интерес за своите деца, за нивниот однос и активно да придонесат за безбедни училишта без насилство“, вели Народниот правобранител.

    Народниот правобранител очекува надлежните органи целосно и до крај да преземат мерки за расчистување на случаите со насилство во училиштата.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира