СДСМ ЌЕ ГО ТУЖИ ВМРО-ДПМНЕ ЗА КЛЕВЕТА ЗА ТВРДЕЊАТА ЗА НАВОДЕН ПОТКУП НА ПРАТЕНИЦИ ДА ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

    СДСМ ЌЕ ГО ТУЖИ ВМРО-ДПМНЕ ЗА КЛЕВЕТА ЗА ТВРДЕЊАТА ЗА НАВОДЕН ПОТКУП НА ПРАТЕНИЦИ ДА ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ„Ова е нездраво и ненормално, особено за човек кој е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, рече пратеникот Костадин Костадинов, кој раководството на ВМРО-ДПМНЕ го нарече антизападно (Фото: принтскрин од видео)

    СДСМ вечерва најави тужби за изнесените клевети за наводен поткуп на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да гласаат за уставните измени.  Тужбите ги најави на прес-конференција во Собранието пратеникот Костадин Костадинов, веднаш откако генералниот секретар Игор Јанушев во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за поткуп на пратеници од неговата партија со 200.000 до 2 милиони евра и го повика Јавното обвинителство да отвори истрага.

    „Ова е нездраво и ненормално, особено за човек кој е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадинов, кој раководството на ВМРО-ДПМНЕ го нарече антизападно.

    Тој ги праша новинарите кои се цел ден во Собранието, „дали денешната атмосфера на слободно движење и комуницирање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, им наликувала на атмосфера на уцени притисоци и поткуп?“ Порача дека „на антизападната власт на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема да и успее да и застане на патот на Македонија на патот на евроинтеграциите“.

    Седницата за уставните измени треба да продолжи вечерва во 21 часот, по целодневното одложување. Уште не се знае дали расправата ќе продолжи или пак ќе се гласа, оти не е извесно дека има двотретинско мнозинство за изгласување на измените.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари