НАТО: РУСИЈА ЌЕ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИ СЕКОЈА СЛАБОСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, МОЛДАВИЈА И УКРАИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Варшава,(АП)

    НАТО: РУСИЈА ЌЕ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИ СЕКОЈА СЛАБОСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, МОЛДАВИЈА И УКРАИНА

    За време на вечерата на самитот во Варшава што почна вчера, лидерите на земјите во НАТО дале тмурна прогноза за геополитичките намери на Русија, и се согласиле дека Москва „најверојатно ќе ја злоупотреби секоја слабост на Западен Балкан, Молдавија и Украина. Според висок службеник на НАТО, претседателот на САД Барак Обама и другите лидери на алијансата на дискусијата се согласиле дека мора да се одржи „цврста и обединета позиција“ кон Русија и дека Москва мора да ги исполни своите обврски преземени со договорот во Минск создаден да ги спречи борбите во Источна Украина.

    Посебен фокус на вечерата лидерите имале на Западен Балкан и на независните земји кои порано беа дел од Југославија, како Македонија.

    НАТО вчера го усвои договорот 4 баталјони со по 1.000 војници да се распоредат на источните граници на Алијансата. Според новиот план, за првпат НАТО сили ќе се распоредат во земјите на Источна Европа што беа дел од Советскиот блок за време на Студената војна, што ја разгневи Русија. Германија ќе го предводи мултинационалниот баталјон во Литванија, а слични баталјони ќе водат САД во Полска, Британија во Естонија, а Канада во Латвија.

    Михаил Горбачов, во чиј мандат како претседател на Русија заврши Студената војна, го обвини НАТО дека ги ескалира тензиите со Русија. Тој рече дека НАТО ја „ескалира Студената војна во жешка. Сета реторика во Варшава речиси вреска со желба да се објави војна на Русија.Зборат само за одбрана, ама всушност се спремаат за офанзивни операции“, рече Горбачов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари