ВО БЕЛИОТ ДВОРЕЦ НА ВЛАДАТА ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА НАЈГОЛЕМ Е ПОРТРЕТОТ НА ГРУЕВСКИ

    ВО БЕЛИОТ ДВОРЕЦ НА ВЛАДАТА ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА НАЈГОЛЕМ Е ПОРТРЕТОТ НА ГРУЕВСКИПортретите на Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски, Никола Груевски и Емил Димитриев се поставени на ѕидот пред влезот кој води во кабинетот на премиерот (Фото: СДК.МК)

    Во новиот ентериер на владината зграда, за чие уредување Владата на Никола Груевски потроши 5,2 милиони евра, има и 7 портрети на сите досегашни премиери во независна Македонија насликани во техниката масло на платно.

    Ентериерот на зградата на Владата е луксузно реновиран, со кожни фотелји, фин дрвен паркет, тркалезна маса и врати од масивно дрво и големи лустери. Според податоците од Бирото за јавни набавки, од државниот буџет за ентериерното уредување се потрошено 5,2 милиони евра. Внатрешното реновирање беше дел од промената на фасадата на владината зграда, како дел од проектот „Скопје 2014“ што чинеше 16 милиони евра, а за оградата од ковано железо се потрошени 700.000 евра.

    Промената на надворешниот изглед на Владата почна во 2011,  без согласност за изведба на проектот од оригиналниот автор на објектот Петар Муличковски.

    Севкупно, според овие податоци, за промената на фасадата, ентериерот и оградата владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски потрошила 21,9 милиони евра.

    Шест од портретите се вертикални и се со иста големина, а видно поголем од другите и единствен хоризонтален е оној на Груевски, на кој е насликано и македонско знаме (Фото: СДК.МК)

    Портретите на Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски, Никола Груевски и Емил Димитриев се поставени на ѕидот пред влезот кој води во кабинетот на премиерот.

    Шест од портретите се вертикални и се со иста големина, а  видно поголем од другите и единствен хоризонтален е оној на Груевски, на кој е насликано и македонско знаме.

    Според потписите на сликите, сите се насликани во 2017; – портретите на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски (Фото: СДК.МК)

    Според потписите на сликите, сите се насликани во 2017, авторите се потпишани на кирилица и тоа – В. Егоров на портетот на Димитриев, Галич л.г. на Груевски и Галич в. на Црвенковски.

    Авторите се потпишани на кирилица и тоа – В. Егоров на портетот на Димитриев, Галич л.г. на Груевски и Галич в. на Црвенковски (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата Васе Доневски, денеска не беше достапен на телефон за САКАМДАКАЖАМ.МК за да одговори на прашањата кои и од кои земји се сликарите што ги насликале портретите на премиерите и другите нови слики кои се ѕидовите на реновираниот владин ентериер, како и колку пари се потрошени за сите слики.

    Портретите на Хари Костов и Владо Бучковски (Фото: СДК.МК)

    Според пребарувањето на Интернет, изминативе години презимето Егоров се среќава на дела поврзани со објектите изградени во рамките на проектот на владата на Груевски „Скопје 2014“.

    Портретот на првиот премиер на експертската Влада Никола Кљусев (Фото: СДК.МК)

    Тоа е сликарот од Русија, Игор Николаевич Егоров, инаку професор на штипскиот Факултет за ликовни уметности по предметот реалистично сликарство, кој за сликање на сликите во Музејот на македонската борба и музеј на ВМРО добил 20.997 евра, според датабазата на Призма за „Скопје 2014“. Игор Егоров е автор и на сликата која е дел од сценографијата од претставата „Вечна куќа“ со која на 7 декември, 2013 беше отворен новиот барокен објект на Македонскоот народен театар (МНТ). Тогаш МНТ објави дека Егоров за таа слика добил хонорор од 70.000 евра. И сопругата на Егоров е професорка на штипскиот Факултет за ликовни уметности.

    Галич се среќава единствено во името на Тајфата на Владимир од Галич, Украина, што ја изработила резбата на соборниот храм „Св. Троица“ во Радовиш, што го изгради бизнисменот Ристо Гуштеров и кој беше осветен во 2003.

    Ентериерот на зградата на Владата е луксузно реновиран, а освен портрети на премиерите има и други нови слики;- Премиерот Зоран Заев денеска ја прими должноста од техничкиот премиер Емил Димитриев (Фото: МИА)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира