40.000 АДМИНИСТРАТИВЦИ НА ЧЕЛО СО ЗАЕВ ГО ЧИСТЕА ЃУБРЕТО НИЗ УЛИЦИТЕ И ПАРКОВИТЕ

    40.000 АДМИНИСТРАТИВЦИ НА ЧЕЛО СО ЗАЕВ ГО ЧИСТЕА ЃУБРЕТО НИЗ УЛИЦИТЕ И ПАРКОВИТЕПремиерот Зоран Заев се приклучи на акцијата за чистење во основното училиште „Панојот Гиновски“ во скопската општина Бутел. (Фото: Ѓ. Личовски)

    40.000 административци заедно со премиерот Зоран Заев, министри, директори, градоначалници, судии, обвинители, денеска чистеа низ земјава. Акцијата ја организираше Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“. Како што рекоа организаторите, основна цел е подигнување на свеста кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот и грижа за животната средина. Најавија дека ваква акција ќе се организра и напролет.

    Пред почетокот на чистењето, административците се потпишуваа на списоците за присуство. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Премиерот Зоран Заев се приклучи на акцијата за чистење во основното училиште „Панојот Гиновски“ во скопската општина Бутел.

    „Преку оваа акција сакаме да дадеме позитивен пример, да дадеме сигнал на граѓаните. Целосно ја разбираме реакцијата на граѓанските организиции за чиста животна средина и чист воздух. Имаме волја да се справиме со овој проблем, за кој ништо не беше направено со години. За прв пат се обезбедуваат посебни буџетски средства за загадувањето. 10 милиони евра ќе се доделат за инвертер климите за граѓаните кои ќе го променат начинот на греење. Исчистени се 300 илјади тони отпад од депониите и за 50 отсто е зголемено зеленилото“, рече премиерот Зоран Заев.

    Во Скопје се чистеше на 20 локации. (Фото: К.Попов)

     

    Тој кажа дека Владата активно работи на отворање на депонии во кои организирано ќе се депонира отпадот и потоа ќе се преработува.

    Со акцијата за чистење администрацијата го одработува 2 јануари, кој за нив оваа година беше неработен ден.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира