СУДСКА КОНТРАРЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:244:"Сѐдодекаониештопротестираатнесеоткажатодпразницииодмори,нитуониештоконтрапротестираатнемадасеоткажатодсендвичите

    1 Кога еднаш ќе заврши оваа фаза на развојот на македонската држава во едно сум сигурен.  Историјата ќе го памети Ѓорге Иванов како претседател кој имаше историска шанса да ја врати Македонија на цивилизиран колосек и да го помири длабоко поделеното општество. А тој таа шанса ја искористи за да помилува сведоци во криминална истрага.

    Во она групно интервју на МТВ пред  десетина дена, претседателот Иванов, одговарајќи на прашање како знаел кого треба да помилува кога предистражните постапки на Специјалното обвинителство се тајна, одговори: „Претседателот на државата има начини да дојде до сите информации во државата“.

    Е па сега, бидејќи никој не знае зошто еден од списокот на 56 помилувани политичари и нивни соработници е најден мртов со прострелна рана, можеби и самиот Иванов треба да биде викнат на распит за да ѝ помогне на истрагата. Оти човекот, ниту бил осомничен, ниту бил обвинет, а не бил ни политичар, туку бил сведок, а претседателот го помилувал. Истрагата треба да открие што знае претседателот и неговиот стручен тим што го правел списокот за помилувања, а никој друг не го знае.

    Излегува дека само Иванов знае зошто сведокот на СЈО Коста Крпач се нашол на списокот на помилувани. Веројатно знае и каква врска има тоа со неговата смрт.  Или, имало и други што имале начини да дојдат до сите информации во државата.

    2 Тие што беа први на протестите против аболицијата на Иванов ги уапсија. Другите што беа со нив на улица тераат продолжен викенд. Тие што ја водеа револуцијата на улица седат заробени дома во притвор. Другите се мачат заробени во колона на границата со Грција. Шарено нели?

    Револуционерите се уморија од прошетки.

    За волја на вистината, на овие протести се покажа и извесен напредок во бунтовниот дух на Македонецот. Психолошката бариера беше пробиена кога се протестираше на студен дожд и ветер. Штом демонстрантите не се исплашија од дождот, кај и да ѐ, за очекување е да се пробие и психолошката бариера дека и промаја нема да нѐ отепа. Оти промаја е најстрашна работа само на овие простори и добра причина за многу оправдувања.

    Значи ни дожд, ни ветер, па ни промаја што мава во подвозникот меѓу Бит Пазар и Владата не може да ѝ наштети на Шарената револуција. Ама кога ќе дојде време да се оди на продолжен викенд или на одмор, тоа е веќе сериозен предизвик кој допрва треба да се совладува. Дури и најголемите атеисти рекоа дека треба да се мирува за време на Велигден. Шарената револуција да се замени со шарени јајца. Петнаесет дена излегуваа на улица и порачуваа: „Нема да нѐ скршите!“ И вистина, не ги скрши власта. Ги скршија Велигден и Први Мај. За да можат раат да си ги кршат јајцата.

    3 После празниците револуционерите одморени ќе продолжат со протестите. И ќе продолжат да играат мајтап со сендвичите што власта им ги дели на оние од контрапротестите.

    Сѐ додека оние што протестираат не се откажат од празници и одмори, ниту оние што контрапротестираат  нема да се откажат од сендвичите. При тоа, не мислам на сендвич како храна, оти фала Богу никој не умрел од глад во Македонија. Мислам на сендвич како симбол на клиентелизмот со кој десет години владее Груевски.  Како во феудализам. Тој од нашите заеднички пари поткупи сѐ што можеше да се поткупи и си направи гласачко тело што ќе му носи изборни победи, а другите што не ги поткупи, ги заплаши и ги толчи со судовите, инспекции и казни од кои собира пари и им ги купува сендвичите на неговите.

    Знаете кога тие ќе се откажат од сендвичите на Груевски? Тогаш кога и тие што им се исмеваат ќе им ги понудат најмалку истите сендвичи.

    4 И додека револуционерите мируваат, контрареволуционерите не запираат со работа. Судиите им ги продолжија притворите на демонстрантите.

    Здравко Савески од Левица во притвор, а Миле Јанакиески на слобода. Студентот Борјан Ефтимов од Правниот факултет во Скопје ќе изгуби година, оти не може да оди на предавања затоа што е во куќен притвор, а Гордана Јанкуловска докторираше на Битолскиот универзитет. Учеше чекајќи да ѝ оздрави судијата што ја испитуваше, а кој беше доведен во опасност дека можеби ќе треба да ѝ го одземе пасошот.

    А бидејќи Здравко Савески веќе е доктор на науки и завршил со школувањето, може да одмори малку од учење. Нека поседи во домашен притвор.

    Едните се опасни за државата оти ја палеле сликата на претседателот, а другите не се опасни оти претседателот ги помилува, па не ни дознавме што правеле. Иако чувме „ливче нека снема“, „Миле  ми текна“, „пет проценти многу да не е“, „МВРО-ВМРО“, „да не го тупиме, со динамит да го урнеме“, „ние сме лудаци“… Толку ли било страшно тоа што го правеле, па Иванов ги помилува пред време?

    Митко Чавков, сега кога е заменик министер за внатрешни работи, гледал снимки и ги препозна тие што ја демолирале канцеларијата на претседателот и ги палеле сликите на Иванов. А кога беше министер не можеше да ги препознае на снимки тие што ја демолираа општина Центар. На сите телевизии ги имаше. Оти овие сега се хулигани, а оние што кршеа стакла на бараката сосе луѓе внатре беа гневни верници.  Нели? Тие таму беа испратени само шлаканици на Жерновски да му удрат.

    Митко Чавков нив не ги гледа. Или пак, заедно ги гледаат снимките од протестите.

    5 Македонија на списокот на Фридом хаус падна од делумно слободна, во неслободна земја. Единствена во овој дел од Европа.

    Не е Македонија неслободна само затоа што медиумите не се слободни. Не е неслободна и затоа што полицијата апси. Полицијата по дефиниција е репресивен орган.

    Македонија е неслободна земја затоа што има обвинители и судови што без приговор постапуваат по налог на власта. Судовите во Македонија се претворија во инквизитори на сите што мислат поинаку од власта. Било кога и било каква правда да побараш во суд нема да ја најдеш. И не се ни надеваш дека има шанси за правда. Судот те казнува по сите основи.  Судовите се тие без кои не може да се спроведе тоталитаризмот.

    А што е најтрагично, милиони и милиони евра и долари се потрошени за реформи во судството во Македонија. На некој Германец, Американец, Холанѓанец, Французин со години му двоеле од даноците што ги плаќал за да прават реформи во македонското судство, и еве каде дојдовме. Со реформи – до неслободна земја.  Замислете и тие реформи да ги немаше.

    Изгледа дека нашите судии не се за толку софистицирани реформи. Исто како обвинителите. Кои не беа среќни со осумдневен куќен притвор за демонстрантите. Па побараа триесет дена за големите криминалци што ја палеле сликата на Иванов. Еј, судијата не му дал на детено што само што почнало да студира Правен факултет да даде исказ, за да се покае, само за да може да му пресуди уште 30 дена притвор. Што душа ќе имаше?

    Со семинари, патувања во странство и тренинзи не успеаја да им ја купат ни основната самопочит без која не може да се замисли да бидеш судија или обвинител. Треба да ги вратат на претшколска возраст. На домашно воспитување. Кога се учи што е морал, што е етика, што е чесност, што е правичност… Што е образ.

    И убаво е секогаш кога ќе има вакви пресуди да им се објавуваат имињата на судиите и на обвинителите. На тие „легалисти“ што се изживуваат врз деца. Да ги знаеме кои се. Комшиите да ги препознаат за да им кажат „Добар ден“ во лифт. И децата и внуците да знаат што пресудиле, за да се гордеат со нив.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари