НА ДРЖАВЈАНИ НА КОСОВО И СРБИЈА АКО ЛЕТААТ ПРЕКУ СКОПЈЕ НЕ ИМ ТРЕБА ТЕСТ ЗА КОВИД-19

    НА ДРЖАВЈАНИ НА КОСОВО И СРБИЈА АКО ЛЕТААТ ПРЕКУ СКОПЈЕ НЕ ИМ ТРЕБА ТЕСТ ЗА КОВИД-19Од Министерството за внатрешни работи велат дека овие државјани за транзит треба само да приложат авионски билет и да потпишат изјава дека во рок од 3 часа ќе ја напуштат земјава.-Архивска фотографии од граничниот премин Табановце по отворањето на границите на 26 јуни(Фото: Ѓ.Личовски)

    Државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина на кои за влез во земјава им е потребен ПЦР тест, за транзит не треба да покажат негативен тест за ковид-19.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека овие државјани за транзит треба само да приложат авионски билет и да потпишат изјава дека во рок од 3 часа ќе ја напуштат земјава.

    Владата на 9 јули донесе одлука државјаните на Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора да можат да влезат во земјава само со направен ПЦР тест не постар од 72 часа. Оваа одлука беше донесена по зголемениот број на случаи на ковид-19 во овие земји.

    По информацијата дека 24 патници на летот од Скопје за Турку, Финска биле позитивни на ковид-19, Министерството за здравство ги проверило сите 157 патници и ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со ковид-19 во нашата земја и немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    Според податоците од листата на патници кои ги добило Министерството од скопскиот аеродром само двајца патници биле со македонски пасош. Најголем дел од патниците патувале со косовски пасош 95 лица, со фински пасош биле 60 лица, а останатите со албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира